29 Март, 2024
0.0256

ЌЕ ИМА ПАРИ ЗА СОЦИЈАЛЦИТЕ - во Буџетот за социјални трансфери ќе одат 1,9 милијарди евра

Објавено во: Економија 14 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Буџетот за идната година дефинитивно ќе биде социјален буџет. 

Според податоците до кои дојде Фактор, идната година државата планира да издвои за социјални трансфери дури 1,89 милијарди евра, што е повеќе од годинава за 116 милиони евра. Тука влегуваат големиот број зголемени издадоци за социјала кои власта ги стартуваше годинава, а планира да ги продолжи и следната година.

Државата идната година нема да биде штедлива и за плати и надоместоци, ќе потроши близу 500 милиони евра, или прецизно 498 милиони, што е повеќе од годинава за 36 милиони евра.

За субвенции и трансфери, пак, како што стои во основната верзија на предложениот буџет, треба да се издвојат 309 милиони евра, што е нешто помала сума од оваа година. 

Власта нема многу да се „стиска“ ниту за стоки и услуги, ќе се поарчат 338 милиони евра, или тоа е зголемување за 24 милиони евра.

Ова е се во рамките на таканаречениот неразвоен дел од буџетот, односно тоа се платите, социјалата и трансферите во фондовите.

А додека, пак, капиталните расходи се проектирани на 383 милиони евра, што е за 14 милиони евра повеќе од годинава, но ребалансираниот буџет, а помалку од првичната сума што во државната каса ја имаше одредено Владата од стартот на оваа година. Капиталните расходи се всушност развојниот дел на буџетот, но власта оваа година, како што иајавија, не сакаше да ги предимензионира, туку тие да бидат планирани на реална основа. 

На приходната страна, од даночни приходи се планирани 2,1 милијарди евра, или повеќе за 123 милиони евра, додека, пак, од придонеси се планира да се соберат 1,090 милијарди евра, или за 35 милиони евра повеќе од годинава, а тоа се случува во година во која газдите што ќе ги зголемат платите од 600 до 6 илјади денари, ќе бидат ослободени од социјалните придонеси.

Во предлог буџетот стои дека во 2020 нето домашното задолжување ќе биде 175 милиони евра, плус 200 илиони евра домашно задолжување од континуирани државни хартии од вредност. Односно нето домашното задолжување ќе изнесува 375 милиони евра. Додека нето странското задолжување ќе изнесува 121 милиони евра. Или, се вкупно, идната година ќе имаме нето задолжување од 496 милиони евра. Но, тоа не значи дека ќе се земат толку пари. Всушност, ќе се позајмат многу повеќе, околу една милијарда евра, но голем дел ќе се искористат за враќање на стари долгови од претходните години.

Фискалната политика за 2020 година е насочена кон остварување на клучните цели утврдени со стратешките приоритети на Владата за 2020 година и тоа: спроведување на макроекономска политика насочена кон задржување на макроекономската стабилност, зголемување на конкурентноста на економијата и зголемување на вработеноста; спроведување на фискална политика во функција на фискална одржливост и етапна консолидација на јавните финансии, поддршка на економијата со значителни инвестиции во инфраструктурни проекти и зголемена транспарентност; обезбедување на зголемена социјална сигурност и заштита; создавање на поволна деловна клима со политики на соработка со бизнис секторот, социјалните партнери, заштита на работничките права, недискриминација, зголемена ефикасност, како и поддршка и развој на малите и средни претпријатија; поддршка за отворање на нови работни места преку активни мерки за вработување и зголемување на нивото на платите во економијата; ● интеграција во НАТО и започнување и успешно водење на процесот на преговори за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија и друго“, наведуваат од Владата во резиомето на буџетот.

Инаку, вкупните приходи на Буџетот за 2020 година се планираат на ниво од 3,614 милијарди евра, а расходите се планирани на ниво од 3,898 милијарди евра.

Нина Нинеска-Фиданоска 

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат