29 Септември, 2024
0.0297

ЌЕ ИМА РАДИКАЛНА ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКИТЕ НА ЗАЕВ: Половина од Извршниот се менува, кои се новите лица на СДСМ?

Објавено во: Македонија 27 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Докторот Андреј Петров, поранешните високи функционери во партијата Игор Ивановски и Леонид Наков, но и професорот Мишко Ралев се дел од личностите кои се враќаат како активни чинители во СДСМ, а се очекува да бидат промовирани на денешниот Централен одбор на партијата. Новиот претседател Димитар Ковачевски треба да ги претстави денеска, а нивните имиња веќе беа објавени во текот на вчерашниот ден. Дали сите овие влегуваат повторно на високи позиции во партијата ќе потврди самиот Ковачевски иако според нашите информации Петров и Ивановски се сигурни. Лекарот ќе биде член на Извршниот одбор на партијата, а Ивановски ќе биде промовиран како раководител на новиот Совет за креирање и имплементација на политики во СДСМ кое ќе биде советодавно тело.

Според нашите извори во Извршниот одбор на партијата дури 50 отсто од персоналните решенија ќе бидат сменети. Тврдат дека ќе бидат луѓе кои се познати од повеќе сфери на општествениот живот и според нив исклучително квалитетни кадри. Сепак и Петров и Ивановски, па и останатите, но и самиот нов претседател важат за дел од таканареченото скопско крило или крило кое е поблиску до политиките на поранешниот лидер Бранко Црвенковски, кој пак и отворено застана против дел од потезите на поранешниот лидер Зоран Заев. Што ќе значи ова? Нашите извори велат дека времето ќе покаже како ќе се креира политиката, но дека дефинитвно тоа ќе биде променет курс на делување оти се покажало, особено на локалните избори, дека дел од досегашните практики не даваат резултат.

„Поставените нови луѓе ќе значат нови промени, да не речам и радикален дисконтинуитет во однос на политиката која се водеше во претходниот период, вели изворот на Фактор.  

Инаку денеска партијата треба да избере и и потпретседатели. Се спомнуваат меѓу нив вицепремирот Фатмир Битиќи, градоначалникот на Валадново Петар Костадинов, пратеничката од Битола Бисера Костадинова Стојчева која стана попозната откако во Собранието дојде во скафандер и гласаше за помош и корона мерките. Некои медиуми јавија дека и Стефан Богоев, поранешниот градоначалник на Карпош може да биде промовиран како потпретседател.

На Централниот одбор Ковачевски треба да биде потврден како мандатар, а се очекува претседателот Стево Пендаровски во среда да му го додели мандатот за составуавње нова влада. Според нашите извори и таму ќе има 50 отсто нови луѓе, а веќе се извесни ротации на министри и меѓу коалиционите партнери. Веќе е јасно дека во новата Влада нема да бидат актуелните министри во оставка Радмила Шекеринска, Венко Филипче и Мила Царовска.

Андреј Петров инаку беше генерален секретар на СДСМ во времето на Бранко Црвенковски, а беше и градоначалник на Карпош.

За нов генерален секретар на партијата веќе е извесно дека ќе биде назначен Миле Зечевиќ, кој беше дел и од кампањата на новиот претседател на партијата Димитар Ковачевски.
А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: 24 годишно момче од Свети Никола загина во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Скопје

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: 24 годишно момче од Свети Никола загина во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Скопје

„Ќе ја направиме Македонија поубаво место за живеење“: Николовски објави видео од автопатот Тетово-Скопје, граѓаните бараат да се работи насекаде

„Ќе ја направиме Македонија поубаво место за живеење“: Николовски објави видео од автопатот Тетово-Скопје, граѓаните бараат да се работи насекаде

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи европската иднина на Македонија и сега ги прави граѓаните жртви на своите политички игри

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи европската иднина на Македонија и сега ги прави граѓаните жртви на своите политички игри

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени