Ќе имаме ли дожд и денеска?
Објавено во: Македонија 20 Мај, 2018
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во јужните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд со ретки грмежи. Според Управата за хидрометеоролошки работи, температурите ќе се движат од 17 до 29 степени, а УВ - индексот ќе биде 7.
Утре попладне следува нестабилно време на места со пороен дожд, грмежи и температури до 27 степени.