19 Април, 2024
0.0300

Ќе извади ли некој кеш за акциите во Реплек: Што ќе си купи со тие 3,9 милиони евра?

Објавено во: Економија 21 Април, 2021

Добивај вести на Viber

За денеска е закажана јавната берзанска аукција на акции за продажба на голем пакет во коj се вкупно 1.783 акции од Реплек. Овие акции се 6,88 отсто од основната главнина на друштвото и идниот купувач кој, ако ги сака, денеска мора да ги купи во пакет сите, за 3,9 милиони евра. Секако ќе си купи и големо влијание во друштвото кое сега е во голем интерес на инвеститорската јавност. 

Бранувањата почнаа предминатата недела односно на 8 април кога мнозинството акционери не ги изгласа предлог одлуките за одобрување на работата на Управниот и на Надзорниот одбор. На тоа следуваше турбуленција со цената на акцијата на познатиот Реплек, па една акција скокна за речиси 15 проценти, до завчера. Имаше и значаен интерес за тргување. Сепак од увидот во сопственичката структура на акционери кои поседуваат над пет отсто од друштвото и овој понеделник не настана никаква измена кај големите акционери што значи дека тие не го зголемиле своето учество во неделата претходно. Инаку за задутре пак е закажано продолжението на редовното годишно собрание на кое веќе е извесно повторно ќе се гласа за потврдување на работата на Управниот и на Надзорниот одбор.

Денеска во јавната берзанска аукција една акција ќе се продава во 135.000 денари и тоа преку моделот „се или ништо“. Фактор консултираше експерти, дел од нив инволвирани во процесот, кои тврдат дека сепак оваа цена е превисока. Ако се појави купувач и ги купи овие акции од досегашен акционер тогаш ќе има поместувања во влијанието. Но секако ќе мора и да се објави на листата сопственици кои имаат повеќе од пет отсто од капиталот. Ако е тоа некој од тие кои управуваат со поголем дел од акциите со право на глас тоа ќе значи дека тој ќе има и извесно влијание пред акционерското собрание во четврток.

Моментно, а тоа не се промени и во текот на турбуленциите по 8 април, во Реплек, Иван Туџаров поседува 11,2 отсто обични акции, друштвото за трговија и услуги Ситко Антонио Доел има 6,1 отсто, Сава Пензиски фонд има 6,4 проценти. Владимир Пецоски поседува 5,79 од акциите, Душан Пецоски 11,92 проценти, а Славица Туџарова 11,57 отсто. Ова значи дека тие не купувале акции во овој меѓупериод, иако не се исклучува за нив тоа да го правеле некои од помалите акционери. Од увидов во акционерите се гледа дека за 317 се зголемил бројот на акции кои ги поседуваат домашни фирми, а бројот на фирми се намалил за три. Исто така за 317 се намалил бројот на акции што ги поседуваат домашни физички лица, а бројоѕт на лица се намалил за 8.

Завчера, на берзата се продадоа дури 211 акции по просечна цена од 113.839 денари за акција. Дополнително во блок транскација вредна 17,4 милиони денари или околу 283.000 евра се продадоа уште 153 акции по цена од 113.839 денари по акција.

Драмата почна на 8 април кога мнозинството акционери, предводени од Душан и Владимир Пецоски на Годишното Собрание на акционери, гласаа против одобрување на работата на двата одбори, поради незадоволство и нетранспарентно работење. 

Тврдеа дека согласно Член 363 и 384 од Законот за Трговски друштва, со неодобрување на работата на одборите, сите членови вклучувајки ги и Иван Туџаров, односно Претседателот на Управниот Одбор (Генералниот Директор на Реплек АД), како и Претседателот на Надзорниот Одбор се истовремено разрешени. 

Што ја зоврело ситуацијата? Раководството предложи да се дели годинава дел од добивката на друштвото како дивиденда, во нето износ од 2.153 денари по акција, а награда за раководниот тим од 13,7 милиони денари. Несвојствено е одобрување на награди да се гласа на собрание. Остатокот од добивката требаше да е воакумулирана добивка. Акционерите сметаат дека во време кога компанијата остварила 25 отсто раст не требало да има намалување на дивидендата во однос на претходната 2019 година.

Потоа од компанијата известија дека ниту еден акционер не побара разрешување на Управниот и на Надзорниот одбор на Реплек.  Објаснија дека не е одлучено одделно за одобрувањето на работата за 2020 година на секој член на Управниот одбор и на Надзорниот одбор на што обврзува член 384 од Законот за трговски друштва.

Во петокот Иван Туџаров генералниот директор на Реплек и Даница Зимбакова како акционери кои имаат над пет отсто сопственост во друштвото доставија до берза информација со предлог нови членови на Надзорниот одбор на  компанијата.

A.T.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите