25 Април, 2024
0.0282

Ќе ја голтне ли виорот на војната преубавата Одеса? Во жив штит од руските подморници Украинците држат над 20 турски бродови

Објавено во: Свет 22 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Ситуацијата во Украина ескалира, а можната битка за најважното пристаниште Одеса ќе биде крах на украинската независност. Заради својата беспомошност украинските власти во пристаништето Одеса во „жив штит“  од руските „безгрешни“ ракети „Калибр“ држат над 20 турски карго бродови. Украинските власти не ги пуштаат бродовите да испловат со образложение дека има подводни мини иако Русија гарантира безбеден коридор за нивно испловување. Ова е точка на која ќе „пукне“ позицијата на Ердоган затоа што сега ќе мора да избере страна НАТО или Русија...

Украина не може да ја добие војната против руските боеви проектили „Калибр“ кои ги испалуваат руските нуклеарни подморници од црноморската флота која исплови пред точно една недела. Тоа досега се покажа како факт од многу воени извештаи. За тие ракети нема решение ниту одбранбениот систем на НАТО, а тоа е факт од бројни независни извештаи за 85 дневната војна во Украина.

Од вчера започна драмата за Одеса најголемото пристаниште на Црното Море и „морската уста“ за извоз на жито и други стоки преку Црното Море до Африка и целиот свет преку трговските рути на Средоземното море. Нападот на Одеса за Украина ќе значи мат – позиција и де факто губење на суверенитетот на самостојна и независна држава. Затоа што целосно ќе ја наруши нејзината економија која ќе колабира целосно доколку по губењето на доковите во Мариуопол го изгуби и најголемото пристаниште Одеса.

Украина, плашејќи се од претстоен руски напад на најголемото пристаниште Одеса, во „жив штит“ држи турски товарни и транспортни бродови (вкупно 21). Одеса е стратешки најважната точка затоа што е најголемото пристаниште на Црното Море и „устата“ од која со жито се снабдува барем половина од континентална Европа и северна и централна Африка. Воените аналитичари се согласни се оваа битка ќе ја одлучи војната затоа што пристаништето во Одеса е последниот „џокер“ на сувереноста на на Украина. Без оваа „морска уста“ таа земја ја губи својата „употребна вредност“.

Воените аналитичари, про-НАТО, независни и про-руски се едногласни само по една работа. Дека Украина не може да ја одбрани Одеса од ракетите на руските нуклеарни подморници. Единствено тие проектили досега направија штета на украинската војска на повеќе локации на фронтовите во Донбас и при завземањето на Мариупол, а не беа користени кога руската војска се избрука во битката за Киев.

Сега на  „силен оган“ се односите на Реџеп Таип Ердоган со неговите НАТО сојузници од една страна и неговиот, во многу случаи досега партнер, пријател, сојузник и закрилник Владимир Путин. Што ќе превземе Ердоган за оваа пат-позиција? Дали ќе инсистира турските бродови без оглед на се што може да се случи да тргнат дома од Одеса кон Истанбул? Или ќе потклекне на притисокот да ги задржи како жив штит и со тоа да ја држи во живот владата во Киев на неопределено време, барем засега? Дали НАТО ќе го третира како напад на своја територија евенуталниот напад на турски трговски бродови???

Што последно направија озлогласените проектили „Калибр“?

Во последниве 48 часа руските проектили (пред се, се однесува на „Калибр“) погодиле украински воени објекти, воена инфраструктура, зони на кои се собираат украински одбранбени сили и складови за гориво во околината на Одеса, Житомир, Бакмут и во Лиман.

Одеса е...

Одеса важи за најубавиот и најјужен голем град во Украина. Воедно е најголемо пристаниште на Црното Море во кое живеат околу 1,5 милиони жители. За нејзиното стратешко значење доволно е да се каже дека во периодот на комунистичкиот СССР правен претходник на сегашната Руска федерација, Одеса била најголемото трговско пристаниште на најголемата држава во светот – СССР.

Населението во Одеса е изразито мешано и го сочинуваат Украинци, Руси, Романци, Турци, Ерменци, Грузијци, Германци, Евреи, Французи...

Р.Ф.

Фото: EPA/ STEPAN FRANKO

Можеби ќе ве интересира

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница