Ќе ја снема една од најдобрите плажи во Грција
Објавено во: Балкан 18 Октомври, 2018
Вториот крак остана без најубавата плажа.
Се работи за плажата Агиос Јоанис на Ситонија и таа повеќе нема да биде онаква каква што ја паметите. На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа дека се подготвува изградба на огромен хотелски комплекс.
Наместо туристи, сега таму има багери и камиони кои работат.
Хотелскиот комплекс ќе се наоѓа на плажата, а туристите кои годинава летуваа на Ситонија се последните кои уживале на ова место. Плажата се наоѓа на четири километри од Никити кон Неос Мармарис.