24 Април, 2024
0.0280

Ќе ја средат ли наплатата пазарните инспектори: Ќе чешлаат кој за колку време се раздолжува

Објавено во: Економија 06 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Пазарната инспекција, а не Управата за јавни приходи ќе проверуваат дали компаниите го почитуваат законот за финансиска дисциплина, односно дали си ги плаќаат навреме долговите. Ова е дел од измените на Законот кои ги подготвува Министерството за финансии. УЈП се иззема од инспекцијата затоа што таа институција била за јавни давачки.

„Надзорот над спроведувањето на одредбите од Законот за финансиска дициплина кај економските оператори од приватниот сектор го врши Управата за јавни приходи, која е надлежна за утврдување, контрола и наплата на даноци или јавни давачки. Постапката за надзор над Законот за финансиска дисциплина не претставува даночна контрола и со истата не се утврдува данок или јавна давачка. Затоа надзорот од Управат се пренесува на Државниот пазарен инсекторат, стои во најавата за измените.

Законот за финансиската дисциплина подразбира приватните субјекти со договори да се обврзат да си ги платат меѓусебните обврски во рок од 60 дена или да се договорат меѓусебно да го сторат тоа за максимум 120 дена. Во договорите меѓу јавните претпријатија и приватните фирми рокот не смее да е подолг од 60 дена. Сепак малку фирми го почитуваат, но и не се тужат дека не го исполниле рокот па се договараат кога ќе се исплатат.

Според последните податоци од Народната банка кои се однесуваат на минатата година фирмите си ги наплатуваат долговите за 120 дена во просек. Иако се разбира не е исто кај сите. Фрапантни 365 дена им требало на точно 34.662 компании колку што во Македонија се во категоријата микро фирми да си се раздолжат.

Компаниите кои спаѓаат во групата мали фирми ги наплатуваат побарувањата за 121 ден. Во оваа категорија лани имало 17.609 компании. Моментно средни правни лица се 673 а нив им треба 101 ден за да ги наплатат побарувањата. Во групата големи фирми влегуваат 468 фирми. Деновите потребни за наплата на побарувања кај овие компании изнесува 91 ден.

Инаку, податоци пак за наплатата на долговите меѓу фирми во развиените земји покажуваат дека таму рокот е значајно понизок. Така, во Германија за наплата се чека по 25 дена во просек, во Шведска по 30 дена, во Австрија 34 дена, во Франција 42 дена во просек. Во соседна Грција тој просечен рок е околу 60 дена, додека во Италија е 85 дена.

Фактор веќе пишуваше дека стопанствениците велат дека законот малку ја средил ситуацијата но не ги дал очекуваните резултати. 

Нема податоци колку фирми се тужеле. Почетниот износ за одмерување на глобите изнесува 10.000 евра за економски оператор од приватниот сектор- трговско друштво, трговец поединец и правно лице кое врши профитна дејност и е регистрирано согласно закон доколку не ја исполни паричната обврска во законски утврдените рокови.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата