Ќе купуваат нафта, но ќе ја плаќаат со злато
Објавено во: Економија 24 Ноември, 2022
Aфриканската држава Гана планира да купува нафта со злато наместо со долари.
Владата работи на план да купува нафта со плаќање во злато наместо со долари. Потпретседателот на државата Махамуду Бавумиа вели дека мерката има за цел да ги зачува девизните резерви, кои се сериозно погодени од растот на цените на енергенсите, како и од побарувачката на девизи од увозниците на нафта. Тоа ја ослабува локалната валута и ги зголемува трошоците за живот.
„Доколку се имплементира како што е замислено, новата политика „суштински ќе го промени нашиот платен биланс и значително ќе ја намали тековната депрецијација на нашата валута“, напиша Бавумиа.
Гана е држава со голема залиха на природни ресурси и има двојно поголем БНП по глава на жител од останатите држави во Западна Африка. Иако е побогата од околните држави, таа е зависна од меѓународна асистенција и инвестиција. Околу 28 отсто од населението живеат во сиромаштија со 1.25 долари на ден. Земјата е еден од најголемите производители на злато.foto freepik.com/gutsal