Ќе можат да возат со 130 км на час на автопатите
Објавено во: Балкан 10 Мај, 2018
Со предлог-закон за безбедност во сообраќајот ограничувањето на брзината на автопатите низ Србија ќе биде 130 км/ч, за да се изедначи со повеќето земји од Европската унија.
Досегашната најголема брзина од 120 км/ч ќе биде зголемена на 130 км/ч.
Законот се донесува со цел да се ускладат решенијата кои се однесуваат на ограничување на брзината на автопат со повеќето земји од ЕУ, соопштено е по седницата на Владата.