23 Мај, 2019
0.0204

Ќе може ли МЖ Транспорт да вози со багаж тежок 55 милиони евра?

Објавено во: Економија 08 Ноември, 2018

Како да мрдне МЖ Транспорт од слепиот колосек. На крај на 2017 година компанијата има акумулирана загуба што надминува 55 милиони евра и обврски кои изнесуваат 84 милиони евра. Може ли Владата да го издржи субвенионирањето и да ја спаси оваа компанија во која давањето пари е како бунар без дно?

Државниот монопол за железнички транспорт „Македонски железници – Транспорт“ има акумулирана загуба која надминува 55 милиони евра, а само 8,2 милиони евра се загуба што компанијата ја направича во своето работење лани, покажуваат официјалните податоци на „Македонски железници Транспорт“.

Овие официјални податоци од завршната сметка на компанија ја отежнуваат и така многу сложената состојба на компанијата и ја влошуваат преговарачката позиција на Владата при барање купувач или стратешки партнер за единствената транспортна железничка компанија во земјава.

Билансот на успех покажува дека „МЖ Транспорт“ лани имала приход од 18,5 милиони евра. Нејзиниот приход во споредба со 2016 година лани е помал за нешто повеќе од 1 милиони евра. Многу е значајно тоа што од вкупните приходи малку повеќе од 11 милиони евра се приходи од продажба, а 7,5 милиони евра се останати приходи што всушност значи дека се дотации или субвенции од Владата преку Министерството за транспорт. 

Расходите на МЖ Транспорт лани достигнале 27 милиони евра и тие во однос на 2016 година се намалени за 4,2 милиони евра. Најголеми расходни ставки на компанијата се расходите со карактер на материјални трошоци и тие изнесуваат околу 9 милиони евра. Трошоците за вработените лани биле 8,22 милиони евра . Ова значи дека субвенциите од Владата се одвај доволни да ги покријат трошоците што компанијата ги има за своите вработени. Трошокот за вработени лани во однос на 2016 година бележи пад и тој е понизок за 300.000 евра.

МЖ Транспорт лани успеал да ја намали загубата во споредба во 2016 година за 3 милиони евра, но компанијата не работи одржливо и создава загуби.

Дополнително отежнувачки е тоа што компанијата на крај на 2017 година имала обврски во износ од 84 милиони евра, од кои нешто помалку од 40 милиони евра се долгорочни обврски, а другото се краткорочни обврски на компанијата. Обврските спрема кредиторите се 8 милиони евра. 


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДРАСТИЧЕН ПАД НА ЦЕНИТЕ: За колку ќе се намалат роаминг услугите во Западен Балкан

ДРАСТИЧЕН ПАД НА ЦЕНИТЕ: За колку ќе се намалат роаминг услугите во Западен Балкан

Се книжат милиони: Колкав профит направи лани најголемата странска компанија во Кочани

Се книжат милиони: Колкав профит направи лани најголемата странска компанија во Кочани

Кина повеќе не е број еден по фалсификувани производи во Македонија: Која земја и го одзеде приматот?

Кина повеќе не е број еден по фалсификувани производи во Македонија: Која земја и го одзеде приматот?

ШТО СЕ ПРОМЕНИ: САД повторно купува нафта од Венецуела

ШТО СЕ ПРОМЕНИ: САД повторно купува нафта од Венецуела

Конкуренцијата во јавните набавки во второто полугодие од 2018 година е влошена

Конкуренцијата во јавните набавки во второто полугодие од 2018 година е влошена

НЕВЕРОЈАТЕН СКОК ВО РЕГИОНОТ: Квадрат чини 5.000 евра

НЕВЕРОЈАТЕН СКОК ВО РЕГИОНОТ: Квадрат чини 5.000 евра

Од сиромашна колонија станаа една од најбогатите држави на светот

Од сиромашна колонија станаа една од најбогатите држави на светот

ДОШЛЕ ПО РАБОТА: Се создаде бразилска колонија во регионот?

ДОШЛЕ ПО РАБОТА: Се создаде бразилска колонија во регионот?

Колку милиони евра вртат големите трговци со автогуми?

Колку милиони евра вртат големите трговци со автогуми?