29 Март, 2024
0.0268

Ќе не чини 55 милиони евра годишно: Еколошката такса меѓу кризата и беспарицата

Објавено во: Економија 24 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Владата го утврди синоќа текстот на законските измени со кои се предвидува зголемување на еколошката такса за горивата. Иако давачката се носи со првенствена цел да се намали загадувањето односно за еколошки цели, Владата планираше на ваков начин да ги зголеми буџетските приходи во време кога растат потребите во постковид периодот и се зголемува јавниот долг. Премиерот Зоран Заев вчера по усвојувањето на одлуката тврдеше дека граѓаните треба да знаат дека влијанието на оваа мерка нема да биде поголемо од 0,07 отсто. Образложението го врза со намалувањето на акцизата од три денари кое беше врзано со цената на нафтата, трошок кој веќе не постои. Секако без оглед на тоа, факт е дека новата еколошка такса е нов трошок, а државата ќе инкасира во буџетот дополнителни приходи од неа. Според првичните пресметки кои патем прв ги оболодени токму премиерот Заев од оваа давачка ќе се приберат во буџетот 1,685 милијарди денари (27,3 милиони евра) за едно полугодие или 3,3 милјарди денари  (54,6 милиони евра) за цела година.
Според предлог измените се предвидува зголемување на еколошката такса, односно се предлага зголемување на давачката за увоз на нафтените деривати во земјата за 3,5 денари за моторен бензин со содржина на олово повисока од 0,013 г/л и за авионски бензин, гориво за дизел мотори, екстра лесно масло за горење и масло за горење М1, М2 (мазут), како и зголемување од 3,1 денар за моторниот безоловен бензин со содржина на олово до 0,013г/л како помалку загадувачки нафтен дериват во однос на останатите предвидени деривати.
„Оваа мерка никој не би ја донел во време на изборна година и треба граѓаните да знаат дека влијанието на оваа мерка нема да биде поголема од 0,07 проценти. Со падот на цената на нафтата на светските берзи се анулира висината на акцизата од 3 денари која ја воведовме заради ублажување на последиците од КОВИД-19 и со тоа навистина не се очекува поголемо влијание на цената заради еколошката такса“, тврди премиерот Заев.

И покрај тоа што на ваков начин се ублажува поскапувањето стопанството веќе реагираше, а и познавачите имаат дилема дали ова би имало ефект за еколошки цели.
„Имајќи предвид дека енергенсите се неизбежна ставка во работењето на компаниите, сосема е јасно дека зголемувањето на еколошка такса од 3,5 денари, ќе ги зголеми трошоците на работењето и со тоа ќе ја намали ценовната конкурентност на домашните производи.  Заради тоа цениме и побаравме од Владата на РС Македонија да се отвори расправа со Коморите за ова прашање, што е и прифатено. Очекуваме да се отвори расправа по Одлуката за зголемувањето на еколошка такса, одговорија од комората за Фактор.
Сепак Владата ги усвои измените.
А.Т. 



Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат