20 Април, 2024
0.0256

Ќе одговори ли пописот зошто има недостиг на работна сила?

Објавено во: Економија 19 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Пописот ќе даде одговор и решение за многу дилеми во земјата, меѓу кои и на таа зошто и покра повисоката невработеност се уште има недостиг на работна сила па работодавачите не можат да најдат работници. Познавачите сметаат дека има повеќе фактори кои влијаат се почесто да нема работници од повеќе профили, но тврдат дека клучна причина за тоа не е иселувањето како што впрочем се тврди, а дека тоа го покажуваат бројките за мигарциите кои ги има Државниот завод за статистика.

Анета Димовска, самостоен советник во Стопанската комора вели дека анализата којашто врз основа на анкета на компаниите ја подготвила комората 62 отсто  од компаниите се соочуваат со недостиг на работна сила, а дури 36 проценти од фирмите како причина за недостигот го гледаат заминувањето на работоспособното население од земјата во други држави. Таа сепак вели дека податоците од статистика покажуваат дека салдото на миграции на населението кое се добива како разлика меѓу бројот на доселени и бројот на отселени лица од државава е позитивно во 2018 година и изнесува 2.548 лица . Во 2015, 2016 и 2017 година исто така постои позитивно салдо над 2.000 лица, исто како и во претходните години.

„Значи, ако се водиме од ова, миграциските движења не може да се причина за недостиг на кадар, бидејќи повеќе се доселиле отколку што се отселиле.Или нешто не е во ред со методологијата.Според Анализата на Стопанската комора на Македонија, 32,9 проценти од компаниите причините ги гледаат во неактивното работоспособно население и неквалитетното и несоодветно образование кое нуди кадри со стручни и практични вештини и компетенции. Ова се две причини во една, ама и двете држат. И веројатно тука е клучот на проблемот, а компаниите кои го дале овој одговор се апсолутно во право, вели Димовска.


Таа смета дека за стручни и практични вештини и компетенции неопходен е ремонт на образованието, а на таков начин ќе се обезбеди понуда на работна сила, која ќе е соодветна на побарувачката. За зголемување на активноста, вели таа, потребно е да се укинат одредени права и да се намали неформалната економија.

„За оние 13,7 проценти компании кои недостигот на кадар го врзуваат со преземање од другите компании во земјата , потсетување дека во пазарна економија понудата и побарувачката ја одредуваат цената, па истото во голема мера важи и за цената на трудот. Ќе мора да ги зголемат платите.Сепак, останува чувството на несигурност во бројките. Кога станува збор за оние кои се врзани со населението апсолутно оправдано, бидејќи се темелат на проценки на Државниот завод за статистика врз основа на Пописот од 2002 година.Време е да се преброиме. Ако се попишеме, ќе знаеме колку сме и колку сме - толку сме, токму ќе сме за да можеме со поголема сигурност да планираме, вели Димовска.


Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите