19 Април, 2024
0.0290

Ќе останат ли должните јавни претпријатија со куси ракави - отписот на камати засега блокиран

Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Ќе и успее ли на власта да го „истурка“ во парламентот предлог законот за отпис на камати и репрограмирање на долговите на јавните претпријатија формирани од општините? Онака како што сега стојат работите, тоа ќе биде многу тешко, бидејќи опозицијата жестоко се противи на таквата намера. Предложеното законско решение засега останува „заробено“ во собраниските лавиринти.

А за да докажат дека се сериозни во обидот да ги блокираат владините планови, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднеле дури 3.100 амандмани на овој предлог закон, кој Владата го тера по скратена постапка. 

Исто така, на вчерашната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет, иако предлог законот беше ставен како точка на дневен ред, за него не се дискутираше. Претседателката на комисијата, Лилјана Кузмановска, која е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ја прекина седницата, без да најави продолжување. На тоа бурно реагираа пратениците од владејачката СДСМ, кои сметаат дека со ова таа го прекршила собранискиот деловник. 

Од ВМРО-ДПМНЕ објаснија зошто го блокираат законот. Тие сметаат дека со него власта брза да го покрие расипничкото однесување на своите градоначалници и локални директори.  „Со овој закон СДСМ има намер пред изборите повторно да им ги прости долговите и штетите од грабежот и расипничкото трошење на народните пари на своите градоначалници и локални директори на јавните претпријатија ширум републиката на штета на граѓаните“, рече пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратениците од владејачката партија, пак, сметаат дека законското решение е добро. Тие велат дека градоначалниците покажале транспарентно и отчетно работење. Овие законски мерки се со намера парите од буџетот, кои што се од граѓаните - да бидат наменети исто така за граѓаните. Да можат општините да ги остваруваат своите мерки и своите проекти во интерес на граѓаните“, рече пратеничката Мери Лазарова од СДСМ.

А како што веќе пишуваше Фактор, законот треба да се однесува на долгови на општински јавни претпријатија кои настанале од предмети поднесени за извршување пред извршителите и УЈП заклучно со крајот на 2017 година. Се тврди дека станува збор за еднократна помош што ќе им се даде на јавните претпријатија, со цел да се ослободат од долговите кои ги презеле од општините, бидејќи со толку високи должнички товари и камати тие не можеле нормално да функционираат. 

Не е наведено колкава сума на пари би им била просетана на јавните претпријатија.

Законот се однесува само за државни доверителиМесечните рати со кои ќе се плаќаат долговите ќе зависат од висината на доспеаниот долг, како и трошоците, се вели во законот. Притоа, за долг до 5.000 евра, тој ќе може да се плаќа на рати од 12 месеци, а за долгови над 50.000 евра, пак, плаќањето ќе оди во период од пет години. 

Во минатото повеќе пати им биле простувани долгови на јавни претпријатија, за што жестоко реагираше јавноста. 

Според последниот извештај на Министерството за финансии за последниот кватал од минатата година, локалните претпријатија што се основани од општините, имаат заеднички борч од околу 59 милиони евра, и тој е зголемен за четири милиони евра во однос на три месеци претходно. Самите општини, пак, вкупно должат 54 милиони евра, што е пораст за пет милиони евра.

А овој предлог закон власта го турка во пакет со оној со кој ќе им се простуваат каматите и ќе се овозможи плаќање на рати на долговите на граѓаните, кои заглавија по судови и извршители, заради стари обврски натрупани од пред години. Не се знае каква ќе биде судбината на двата закони. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени