24 Април, 2024
0.0268

Ќе платиме 200 милиони евра, а уште го немаме природниот гас

Објавено во: Економија 15 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Александар Кузмановски

185 милиони евра ќе чини гасификацијата на Македонија според вкупните средства наменети за дејноста што се обезбедени до сега, покажува годишниот извештај на Национални енергетски ресурси, компанијата која е задолжена со средства од Владата и странските кредитори да го изгради националниот гасовод и истиот да го поврзе интерконекторски со Грција. Се остава уште нешто простор за задолжување, бидејќи степенот во моментов е 42 проценти, а препорачливо е тој да оди до 50.

Работата на ова акционерско друштво се динамизира во 2017 и 2018, кога годишно осигурува и по 13 милиони евра. Само лани биле потрошени 9,2 милиони евра за гасификација на земјата а на проектите работеле вкупно 202 лица. Гасификацијата во моментов е дејност што им носи пари на компаниите кои учествуваат во истата со 22 отсто добивка во однос на приходите. Просечна месечна нето-плата е 33,3 илјади денари.

МЕР, како предводник на гасификацијата, ги добива парите главно од државниот буџет бидејќи во моментов практично нема свои приходи. Фирмата во втор случај мкоже да се задолжи кај меѓународните банки. Парите главно се трошат за покривање на трошоците за експропријација, пробивање и цевки.

Инаку НЕР досега го изгради магистралниот гасовод од кумановско Клечовце до Штип,  се работи на краците кон Неготино и Битола, како и на гасоводот Скопје – Тетово – Гостивар. НЕР е формиран во 2010 година за изградба на магистралните гасоводи за пренос на природен гас во должина од околу 800 километри, како и интерконекции со преносните системи на соседните држави или меѓународните транзитни гасоводи. 

Во 2015 беше клучен заемот од 90 милиони евра кој се користи исклучиво за гасификација на делницата Штип-Неготино-Битола и делницата Скопје-Тетово-Гостивар обезбеден од Дојче банк и Ерсте банк. Истата година започна да се гради гасоводот на делницата Клечовце Блок 5 . Тогашните очекувања за целиот проект беа дека може да заврши до 2018 година.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?