Ќе почне воената вежба на Криволак со нашата и армијата на САД
Објавено во: Македонија 27 Јули, 2017
АРМ и армијата на САД во Европа, ќе одржат воена вежба насловена „Dragoon Guardian 17“ на којашто ќе учествуваат 300 припадници на американската армија и 95 припадници на АРМ.
Конвој со 120 борбени возила на вооружените сили на САД утре преку граничниот премин „Деве Баир“ од Бугарија ќе пристигнат во Македонија.
Вежбата стартува утре, а ќе трае до 10 август. Вежбата ќе се одржи на армискиот полигон Криволак, а во шест градови: Скопје, Штип, Велес, Струмица и Струга, граѓаните ќе имаат можност одблиску да ја видат воената опрема и да се запознаат со војниците. Војниците заедно ќе изработуваат патека за слетување беспилотни летала, ќе имаат обука за расчистување на патишта од импровизирани експлозивни направи, обуки за заштита од атомско, биолошко и хемиско оружје.
Војниците на двете држави меѓусебно ќе се запознаат со личното оружје, ќе гаѓаат, а ќе има и други обуки, велат од Министерството за одбрана.