25 Април, 2024
0.0268

Ќе подели ли „Тетекс“ уште 250.000 евра дивиденда?

Објавено во: Економија 26 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Можно ли е парите од продажбата на дел од неговите акции во ТТК Банка, „Тетекс“ да ги подели како следна дивиденда? Станува збор за 250.000 евра

Тетовскиот текстилен комбинат „Тетекс“ на почетокот на овој месец продаде 15.700 акции со право на глас во ТТК Банка за сума од 15,45 милиони денари односно 250.000 евра. Цената по акција беше 984 денари што беше солидна цена многу блиска до највисоката пазарна цена постигната во период од една година.

Како ќе влијае намалената капитална поврзаност со Тетекс врз ТТК?

„Тетекс“ останува најголем акционер во ТТК Банка. Компанијата сега поседува 41,53 отсто од акциите со право на глас во банката откако со продажбата на акциите на 4 април го намали своето учество за речиси 2 отсто. Намалувањето на капиталната поврзаност може позитивно да влијае врз билансите на банката во смисла на критериумите што централната банка и ги поставува на ТТК токму заради поврзаноста со најголемиот акционер кој сега макар и малку го намали своето учество во акционерската структура на банката.

Од друга страна во „Тетекс“ ќе влезат свежи пари кои можат меѓу другото и да се искористат за компанијата да си подели на акционерите поголема дивиденда. Оваа е отворена опција и ќе видиме дали во блиска иднина ќе биде изгледна опција.

„Тетекс“ е компанија што дели најсолидни дивиденди на своите акционери и веќе има изграден имиџ на дарежлица компанија кога станува збор за дивидендите приноси. „Тетекс“ за своето работење во 2015 и во 2016 година исплати 2,5 милиони денари дивиденда на своите акционери. Многу е важно тоа што оваа компанија има многу ниско ниво на кредитно задолжување. Токму заради тоа и нејзините финансиски расходи за лани се на ниво од само 1,35 милиони денари. Има долг само за краткорочни кредити и тој изнесува 15 милиони денари, а вкупните обврски на „Тетекс“ се 1,1 милиони евра. Финансиските приходи на „Тетекс“ лани биле 40,88 милиони денари од кои 37,1 милиони денари се од дивиденда. 

„Тетекс“ од ланската добивка донесе одлука да подели 39,38 милиони денари во дивиденда што значи добивка од 95 денари бруто по акција.

„Тетекс“ од дивидендата од ТТК за 2017 година идната недела ќе добие уште околу 35 милиони денари.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?