21 Мај, 2018
0.3415
    ALK 8098.79    0.29%     BESK 7738.39    -2.05%     GRNT 743.11    -1.78%     KMB 4373.93    0.64%     MKSD 204    9.68%     MPT 30016.78    0.05%     MTUR 4100    -0.41%     OHB 6498.44    0.11%     PPIV 44500    0%     RMDEN16 95.5    0.42%     RZLE 14    0%     RZLV 44    0%     RZUS 124.82    -0.94%     STB 1022.5    -0.26%     STBP 1102.85    0.07%     STIL 132.97    3.31%     TEL 270    -1.46%     TNB 13718    3%     TPLF 1573.88    -1.18%     TTK 860    -1.23%     UNI 2420.09    2.55%     ZILU 238    8.18%

ЌЕ ПОМИНЕ ЛИ ШПАНИЈА КАКО ЈУГОСЛАВИЈА: Што вели Јункер?

Објавено во: Свет 13 Октомври, 2017

Франс прес пишува дека Шпанија може да се разграничи со Каталонија по моделот на Словенија која во 1991 година стана независна од Југославија. 

Агенцијата потсети дека медиумите го поддржаа отцепувањето на Словенија. 

„Срцата на многу Словенци чукаат за Каталонците“ - вели Борут Пахор кој се кандидира повторно за претседател на Словенија. 

Агенцијата пишува дека и Словенија и Каталонија имаат силна економија. 

Словенија се одвои мирно и тоа по цели 9 месеци од одржување на референдумот. 

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави дека не сака Kаталонија да стане независна, затоа што тоа би охрабрило и други региони да го направат истото, со што управувањето на ЕУ би станало премногу комплицирано, пренесува Ројтерс.

„Доколку дозволиме Каталонија да се одвои, и другите ќе го направат истото. Тоа не го сакам“- изјави Јункер во говорот на Луксембуршкиот универзитет.

Тој истакна дека е „многу загрижен“ поради сепаратистичките тенденции во Европа и упати охрабрување до шпанскиот премиер Маријано Рахој да обезбеди ситуацијата да биде ставена под контрола.

Во врска со каталонските повици ЕУ да биде посредник, Јункер рече дека Комисијата не може да посредува доколку само една од страните го бара тоа.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО)Најинтересниот момент од Кралската свадба според социјалните мрежи

(ФОТО)Најинтересниот момент од Кралската свадба според социјалните мрежи

Oд Мајк Пенс стигна охрабрување за Ципрас и Заев

Oд Мајк Пенс стигна охрабрување за Ципрас и Заев

Познат режисер обвинет за силување

Познат режисер обвинет за силување

(КРАЛСКА СВАДБА) Како ѝ се оддаде почит на покојната принцеза Дијана?

(КРАЛСКА СВАДБА) Како ѝ се оддаде почит на покојната принцеза Дијана?

(ВИДЕО) Погледнете како Русите го изградија најдолгиот мост во Европа

(ВИДЕО) Погледнете како Русите го изградија најдолгиот мост во Европа

ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ЦРКВА: Сакале да земат заложници

ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ЦРКВА: Сакале да земат заложници

Во Мурманск претставена првата пловечка нуклеарна централа

Во Мурманск претставена првата пловечка нуклеарна централа

(ВИДЕО+ФОТО) ЛАВА ТЕЧЕ ПО УЛИЦИТЕ НА ХАВАИ: Не се знае кога хаосот ќе заврши

(ВИДЕО+ФОТО) ЛАВА ТЕЧЕ ПО УЛИЦИТЕ НА ХАВАИ: Не се знае кога хаосот ќе заврши

ЕВАКУИРАН ТРГОВСКИ: Maж со маска и пушка влегол внатре

ЕВАКУИРАН ТРГОВСКИ: Maж со маска и пушка влегол внатре