Ќе се „чешлаат“ државните вработување откако беа распишани изборите
Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2017
Владата донесе одлука за ревизија на вработувањата кои се реализираа откако беа распишани предвремените парламентарни избори на 11 декември минатата година, пренесува ТВ 24.
Целта е да се направи увид дали имало прекршувања на законските одредби и какви кадри на какви позиции биле вработувани во државните институции.
Нa oваа тема реферирал и новиот министер за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, кој повеќе детали ќе откри во наредните денови.