Ќе се формира заедничка група од македонски и бугарски експерти за железничко поврзување
Објавено во: Економија 24 Јануари, 2022
Меморандумот се очекува да биде потпишан од министрите за транспорт и врски за време на заедничката седница на двете Влади, која ќе се одржи утре.
„Со документот се изразува согласност за формирање на заедничка Работна група составена од експерти со соодветен професионален капацитет и експертиза во области како што се управување со проекти, европско и меѓународно право, инженерство и управување со финансии, со цел да се забрза процесот на подготвителните и имплементационите активности за Проектот.“, соопшти владата.
„Проектот за железничко поврзување Скопје-Софија“, е дел од процесот за градење на добрососедство и зајакнување на економската соработка помеѓу двете земји.