ЌЕ СЕ ГОНИ ЗА УБИСТВО: Осомничениот за убиството на тинејџерот во Ново Лисиче зад решетки
Објавено во: Македонија 16 Август, 2019
Пред да се случи кобниот момент кога осомничениот кој е во притвор извадил нож и му го забил во гради на момчето Никола.Х од скопско Ново Лисиче, се случувала бркотница и вербална расправија меѓу две групи.
Ова станува јасно од деталите на скопското обвинителство од каде соопштија дека осомничениот 17-годишник ќе се гони за кривично дело убиство и тој доби триесет дневен притвор.
Како што стои во соопштението на ОЈО пред да се случи убиството две групи се бркале и имале вербална расправија. Немилиот настан се одвивал на улицата „Февруарски поход“ во населбата Ново Лисиче половина час по полноќ.
Во расправијата учествувал сега убиениот Никола.Х (18) и негов друга и поголема група лица од друга страна. Осомничениот се обидел да избега кон зградите во населбата но кога неколку лица му се доближили тој извадил нож на расклопување и му задал удар на ошетениот во пределот на градниот кош.
Никола.Х. на повредите им подлегнал во болница.