29 Март, 2024
0.0249

Ќе се кратат ли пензиите?

Објавено во: Економија 27 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Иако е многу непопуларно и веројатно може да биде силен удар врз потенцијално најранлива категорија сепак властите треба да бидат доблесни и да кажат од каде ќе најдат пари да ги покријат алиментациите за дупката во државниот пензиски фонд во кој месечно мора да влезат околу 90 милиони евра???

Од централниот буџет во првите два месеци годинава на државниот Фонд за пензиско осигурување се префрлени 182,5 милиони евраОва е најголемата пединечна расходна ставка на централниот буџет и таа е повеќе од двојно поголема од платите на буџетарите. За армијата јавна и државна администрација во првите два месеци за плати со надоместоци се исплатени вкупно 79,4 милиони евра и тоа е неспоредливо помал буџетски товар од државните исплати кон државниот Фонд за пензиско осигурување. Сепак Зоран Заев претседателот на најголемата владеачка партија СДСМ неодамна предложи во ек на кризната состојба предизвикана од пандемијата на вирусот COVID 19 за април и мај платите на целата администрација да се изедначат и да изнесуваат по 14.500 денари.

Но засега нема најава дека ќе се предложи некакво времено решение за промена на условите или редукција на износите за исплата на пензии на повеќе од 330.000 пензионери кои ги алиментира државниот пензиски фонд за кои од буџет секој месец се одделуваат големи износи на јавни пари.

Каква е состојбата со буџетските приходи и расходи и што ќе следи?

Во првите два месеци годинава според официјална и јавно допстапна евиденција на Министерството за финансии најголемите буџетски приходи се од ДДВ (нето) и тие изнесуваат 133,5 милиони евра, од акцизните стоки се собрале 64,3 милиони евра и од персоналец се собрани 47 милиони евра. На расходната страна најголемите трошоци се: исплатите од буџет кон државниот пензиски фонд ПИОМ изнесуваат 182,5 милиони евра, трошоците за корпусот здравствена заштита изнесуваат 78,8 милиони евра и платите на армијата буџетари однеле 79,4 милиони евра (иако дел од нив се вратиле во буџет преку персоналениот данок на доход).

Буџетскиот кусок (негативната разлика меѓу приходите и расходите на буџетот) за првите два месеци годинава изнесува вкупно 70 милиони евра и досега за само два месеци достигна 25 отсто од планираниот буџетски дефицит за цела година!!! 

А допрва следуваат тешките месеци март, април и веројатно мај во кои приходната страна на буџетот ќе биде силно погодена заради падот на економијата кој ќе биде последица на големото намалување на јавната и приватната потрошувачка и воопшто економската активност.

Ќе има ли секој месец по 90 милиони евра поддршка за државниот пензиски фонд? И од каде ќе дојде таа??? 

Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!