19 Април, 2024
0.0509

Ќе се најде ли викендов решение со Бугарија? Од Владата потврдуваат дека има размена на мислења

Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

од Владата за Телма потврдија дека има размена на мислења со Бугарија за усогласување на заеднички акциски план или патоказ во пресрет на се позасилените гласини дека викендов ќе падне договор за спорот и државата ќе биде одблокирана на патот за евроинтеграциите.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека на Договорот со Бугарија може да му се додаде и патоказ со кој ќе се следи неговото спроведување и за тоа се преговара со Софија.

“Договорот има предвидено механизми како да се контролира, но ако констатираме дека еве Договорот не испорачува доверба, можеме да додадеме додатни механизми за следење на процесот, без да се прејудицира исходот на тие дебати и разговори. Па, и во форма на патоказ, меѓутоа сметаме дека тоа не треба да биде дел од преговарачката рамка, затоа што ќе го помести процесот непотребно“, изјави Османи во интервју за емисијата 360.

Сепак премиерот Зоран Заев денеска во телефонска изјава за ТВ21 вели дека не е договорена средба со претседателот на бугарската влада Бојко Борисов за да се потврди дека нема да има ветот овој пат за добивањето на датум за преговори.

„Нема закажано средба помеѓу мене и Борисов. На ниво на работни групи под раководство на нашиот и бугарскиот министер за надворешни работи се разговара“, вели Заев за ТВ21. 

Советот за општи работи на кој и официјално ќе биде познато дали Македонија ќе ги почне преговорите треба да се одржи на 8 декември и тој е последната можност да се деблокира македонскиот евроинтеграциски пат за време на германското претседателство. Засега од Бугарија се уште нема официјален став дали ќе даде зелено светло или повторно ќе не блокира. Овој викенд, според дипломатски извори на Брисел е клучен за постигнување договор меѓу двете земји.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?