19 Април, 2024
0.0277

Ќе се „заниша“ ли комоцијата на доминантните акционери во 34 компании, при крај е кроењето на законот за „истискување“

Објавено во: Економија 27 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Принудното „истискување“ на доминантните акционери во нашите компании наскоро ќе стане реалност. Измените на Законот за трговски друштва со кои се планира да се овозможи принудно купување и продавање акции, но и формирање холдинг стапуваат во нова фаза. Предлог решението за измените се веќе поставени на ЕНЕР, а измените на Законот до осми јуни треба да бидат доставени до Генералниот секретаријат.

Со измените на Законот ќе се уредува област која е нерегулирана како што е принудното купување и продавање акции или т.н. „истискување“ кај акционерските друштва со доминантна и концентрирана сопственичка структура каде еден мнозински акционер поседува над 95 отсто од акциите со право на глас. Во Македонија речиси и воопшто да не е законски регулирана материјата за принудното купување и продавање акции, освен со Законот за преземање на акционерските друштва, каде „истискувањето“ се случува по успешно спроведена постапка за прземање (само во одреден временски период). Слични законски решенија има во Хрватска и Србија, а во изветајот за проценка на влијанието на регулативата истата е уредена и со ЕУ Директивата 2004/25 за понудите за преземање.

Како што објаснија претходно од Министерството за економија за „Фактор“, целта  на измените на Законот за трговските друштва е во процесот на принудното купување и продавање акции или т.н „истискувањето“ јасно да се пропишат и дефинираат правата и  обврските на доминантниот акционер, кои што вклучуваат можност за задолжително купување на акциите од малцинските акционери, односно соодветно да се пропишат и правата на малцинските акционери да бараат принудна продажба на нивните акции на доминантниот акционер во законска процедура која обезбедува фер, транспарентен и коректен третман.

- Во Македонија, според анализа на Комисијата за хартии од вредност, од вкупно 449 акционерски друштва кои се евидентирани во Централниот депозитар за хартии од вредност, само во 34 АД (7,57 отсто) имаат доминантен акционер кој поседува над 95 проценти од акциите со право на глас. Анализирано според пазарни сегменти на Македонската берза, опфатот на предложеното законско решение на овие 34 АД е следна: на официјален пазар - берзанска котација, од 25 друштва, ниту едно нема доминантен акционер со над 95 отсто од акциите со право на глас. На официјален пазар - задолжителна котација, од 71 друштво, во 6 друштва има доминантен акционер со над 95 отсто од акциите со право на глас. На редовен пазар - АДПОИ, од 10 друштва, во 3 друштва има доминантен акционер со над 95 проценти од акциите со право на глас. На редовен пазар - слободен пазар, од 343 друштва, во 25 друштва има доминантен акционер со над 95 отсто од акциите со право на глас – се наведува во извештајот.

Регулирањето на принудното купување и продавање акции се прави за да се намали концентрираната сопственичка структура кај одредени акционерски друштва, поради која има ниска ликвидност на нивните акции на берзата, како и мало учество на акциите во посед на јавноста.

Од друга страна, во постојната законска регулатива, холдингот како форма на организирање и работење на трговските друштва не е дефиниран.Под холдинг, односно концерн се подразбира облик на поврзување на повеќе трговски друштва, кои се независни правни субјекти, односно самостојни правни лица, интегрирани хоризонтално или вертикално, кои се поврзуваат преку учество во основниот капитал или содружничките удели и врз основа на договор. Стопанската комора на Северна Македонија иницираше подетално и експлицитно законско нормирање на холдингот, што подразбира доуредување на определени прашања во Законот за трговските друштва, но и соодветни измени во даночната регулатива, со цел практично ефектуирање на придобивките од холдингот, по примерот на земјите од регионот, но и од ЕУ.

Доколку не е донесен Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, принудното купување и продавање акции, или т.н. „истискување“, како и холдингот, односно концернот како форми на поврзување на друштвата, како области и понатаму ќе останат нерегулирани, што како за последица може да предизвика недоследности и потешкотии во примената на постоечките законски одредби од страна на засегнатите деловни субјекти, стагнирање во нивното работење и деловните резултати, што индиректно би можело негативно да се одрази и на севкупниот економски раст во државата – се наведува во извештајот поставен на ЕНЕР. 

П.О. 

Фото: Freepik

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб