25 Мај, 2018
0.3434
    ALK 7872.21    -0.65%     BESK 8017.33    3.6%     GRNT 748.68    4.56%     KPSS 300    -36.31%     MPT 31000.31    0%     OHB 6396.66    -0.83%     REPL 62000    0.81%     RMDEN13 96.7    0.73%     RMDEN14 96.1    0.63%     RMDEN16 95.5    0%     RZIN 125    4.17%     SBT 1951    -0.61%     SLAV 3600    0%     STB 1015.5    -0.27%     STBP 1180.55    5.3%     STIL 130    -0.94%     TEL 278.08    2.99%     TNB 12929.5    -4.14%     TTK 881.96    2.88%     UNI 2360    -0.04%     USJE 23003    -0.63%     ZPKO 2857    0%

Ќе се зголемат црните трансфери на пари ако се оданочи брзиот трансфер

Објавено во: Економија 22 Јануари, 2018

Една од главните цели на законските измени на брзиот транфер на пари е да се овозможи оданочување на лицата кои ги користат овие услуги, односно да плаќаат данок на доход од 10% како и за било кој друг вид на личен доход на пари. Сепак, ваквите измени внесуваат сомнеж кај компаниите кои даваат услуги за брз трансфер на пари. Според Шерефедин Амити, генерален извршен директор на Монета, измените на законот кои треба да важат од 1 јули 2018 година не се во согласност со европските регулативи и ќе предизвикаат зголемување на црните трансфери на пари кои никој не може да ги следи, ниту пак да ги регулира. 


Во законските измени се предвидени нови обврски пред се за давателите на услуги на брз трансфер на пари меѓу кои доставување на постојани извештаи за сите трансакции до надлежните институции меѓу кои НБРМ и УЈП. На тој начин ќе се добие поголема евиденција за приливот на девизи од странство кон нашите граѓани, но и ќе се отвори можноста за внесување во даночниот систем.

„Нова обрска за давателите на услугата брз трансфер на пари е испраќање на извештаји до Управата за јавни приходи. Сакаме да укажеме дека нема европска регулатива ниту пак има регулатива било каде во светот која се однесува на вршење на услугата брз трансфер на пари, а која нормира задолжително да се доставуваат месечните извештаи за секоја извршена поединечна трансакција до Управата за јавни приходи. Истакнуваме дека воведување на законска обврска во Република Македонија за давателите на услуга брз трансфер на пари задолжително ги доставуваат месечните извештаи и до Управата за јавни приходи ќе ја направи Република Македонија единствена и прва земја со ваква непродуктивна практика во светот“, вели Амити за Фактор.

Директорот на Монета е особено загрижен од е фактот што очекуваното преминување на трансферите од формалните канали преку давателите на услуги за брз трансфер на пари преку изнаоѓање на неформални канали за трансфер на пари, а заради вака предложените измени, дополнително ќе оневозможи следење, детектирање и навремено пријавување до надлежните институции на сомнителни трансакции поврзани со спречувањето перење пари и финансирање на тероризам како една од главните обврски на постоечките лиценцирани агенти и субагенти кои спроведуваат посебни одобрени програми за спречување перење пари.

Тој истака смета дека може да дојде до затварање на околу 300 микро бизниси, коишто ќе мораат да ги затворат своите бизниси поради нерентабилност. Минимум 630 семејства од вработените во овие микро бизниси ќе останат без своите месечни приходи. Негативен импакт во државниот буџет ќе има во смисла на наплата на данок на добивка кои досега го плаќале лиценцираните агенти и субагенти.

Овие прашања и беа поставени и на Сања Лукаревска, директорката на УЈП кој во интервју за Фактор говореше за можното ново оданочување на лицата кои добиваат средства преку брз трансфер на пари.

Барањата за измени на Законот за вршење на услуги брз трансфер се во насока на воспоставување на систем на реално оданочување и контрола на приходите кои подлежат на персонален данок. Ново оданочување не може да постои ако секој граѓанин ги пријавува во целост приходите, без разлика на кој начин ги примил, преку банка, брз трансфер. Ново оданочување ќе биде за оние кои ги користеле овие услуги за да ги сокријат приходите, односно да не платат данок. Ова повеќе би рекла е прашање на даночен морал и свест во Македонија. Јас би прашала зошто било кој би бил против УЈП да ги добива податоците за приходите на граѓаните од било каде, освен ако има намера да не плаќа данок? Дали има нешто да криеме за да ставаме нешто под знак прашање? Во секој случај, не станува збор за ново оданочување, туку за дополнителна мерка за намалување на сива економија преку јакнење на контролните механизми на УЈП, што е планирано и овозможено во рамките на проектот е-Персонален данок, а истовремено е препорака и на сите меѓународни финансиски организации за Македонија. Новите законски измени во делот на персоналниот данок, како и во делот на брзиот трансфер треба да овозможат тоа да биде реализирано и во пракса„ посочи директорката Лукаревска. 

Свој став за законските измени има и од НБРМ, бидејќи тие исто така ќе имаат пристап да новите извештаи од давателите на услуги брз трансфер на пари. 

Предлог измените и дополнувањата на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари се главно поради спроведување на проектот „Поеднаставување на процедурите за известување и плаќање на персонален данок на доход за граѓаните“. Овој проект го спроведува Управата за јавни приходи.

По усвојување на Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари, Народната банка на Република Македонија ќе биде должна во рок од 60 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон да ги измени подзаконските акти“ велат од НБРМ.

До каков вид на информации ќе има пристап НБРМ и што ќе значи дополнителната евиденција за основата на трансакцијата и износот на трансферите на пари на субјектите?

Нов вид на податок којшто месечниот извештај ќе го содржи е основот за секоја поединечна трансакција на брз трансфер на пари. Овој месечен извештај покрај до Народната банка на Република Македонија, давателот на услугата брз трансфер на пари ќе биде должен да го достави и до Управата за јавни приходи.

Надлежните од НБРМ ги запрашавме дали со законските измени ќе има промени во начинот на кој ќе оперираат давателите на услуги за брз трансфер на пари во Македонија, во смисла на добивање дозволи од НБРМ и дали ќе има измена на лимитите кои досега важеа.

„Со предлог измените и дополнувањата на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари не се прави суштинска промена во начинот на работење односно вршење на услугата брз трансфер на пари. Оттука, издавање на нови дозволи за вршење на услугата брз трансфер на пари на постојните даватели не е предвидено. Измени на лимитите за уплати и исплати врз основа на брз трансфер на пари не се предвидени. Новина е прецизирањето дека секое физичко лице е должно да се придржува кон лимитите за уплати и исплати врз основа на брз трансфер на пари. Непридржувањето на физичкото лице кон лимитите за уплати и исплати врз основа на брз трансфер на пари претставува прекршок за којшто се предвидува изрекување глоба“ одговорија од НБРМ.

Амити исто така предупредува и на негативни ефекти и врз приливот на девизи, како и негативен ефект врз опстојувањето на малите бизниси.

„Повеќе од сигурни сме дека стравот од можно оданочување ќе резултира со преминување на легалните трансфери, односно вкупна сума на формални приливи од 155 милиони евра (извор НБРМ за 2016 година), во нелегални односно црни канали, а што секако ќе има сериозни негативни влијанија во повеќе насоки. Од ова произлегува со сигурност пад на трансакци по регуларен пат и нормален тек на парите“ заклучува Амити.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

Во европска држава годишно се перат над 11 милијарди евра

Во европска држава годишно се перат над 11 милијарди евра

ГУВЕРНЕРОТ НА НБРМ И МИНИСТЕРОТ ЗА ФИНАНСИИ ПРИСУСТВУВАА НА МИНИСТЕРСКИОТ ДИЈАЛОГ ПОМЕЃУ ЕУ И ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН И ТУРЦИЈА

ГУВЕРНЕРОТ НА НБРМ И МИНИСТЕРОТ ЗА ФИНАНСИИ ПРИСУСТВУВАА НА МИНИСТЕРСКИОТ ДИЈАЛОГ ПОМЕЃУ ЕУ И ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН И ТУРЦИЈА

ПОСЛЕДЕН ЧИН НА РУСКИОТ ТАЈКУН: Како Олег Дерипаска ќе се спасува од санкциите на САД?

ПОСЛЕДЕН ЧИН НА РУСКИОТ ТАЈКУН: Како Олег Дерипаска ќе се спасува од санкциите на САД?

Гигантот "Дојче банк" ќе подели откази на 7000 вработени

Гигантот "Дојче банк" ќе подели откази на 7000 вработени

Дуковска: Tрeба да се спречи трансгенерациското пренесување на сиромаштијата

Дуковска: Tрeба да се спречи трансгенерациското пренесување на сиромаштијата

СКАПА ЕНЕРГИЈА: Ветер, сонце, биогас од што најдобро се заработува?

СКАПА ЕНЕРГИЈА: Ветер, сонце, биогас од што најдобро се заработува?

Ова се 20-те најбогати земји во светот

Ова се 20-те најбогати земји во светот

Јавниот долг ќе руши плафон: Владата планира да го зголеми долгот до 54,8 отсто од БДП

Јавниот долг ќе руши плафон: Владата планира да го зголеми долгот до 54,8 отсто од БДП

ЗА ЕДНА ГОДИНА: Драстичен пораст на исклучени поради неплатена струја

ЗА ЕДНА ГОДИНА: Драстичен пораст на исклучени поради неплатена струја