25 Април, 2024
0.0275

ЌЕ СТАНЕМЕ ЛИ „РЕДОВНИ“ ОД ПРВИ ЈУНИ ИЛИ ЌЕ ПРОДОЛЖИ ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА - шефот на државата ќе одлучи во сабота

Објавено во: Македонија 28 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Во сабота кај претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи состанок на Советот за безбедност, по кој шефот на државата ќе ја соопшти својата одлука дали ќе се продолжи траењето на вонредната состојба во земјава.

Ова за Фктор го потврдија од Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Како што е познато, претходната вонредна состојба беше прогласена на 14 дена и треба да заврши заклучно со крајот на овој месец.

Од Кабинетот на шефот на државата велат дека одлуката за вонредната состојба ќе биде врз основа на аргументи поврзани со пандемијата со коронавирусот, а нема да биде никако поврзана со одржувањето на парламентарните избори.

Оттаму не сакаа да коментираат дали, со цел постигнување договор околу изборниот датум може да се одржи нова лидерска средба. Според информациите, тоа би можело да се случи само ако претходно дојде до приближување на ставовите меѓу двете страни.

Дали Владата ќе бара продолжување на вонредната состојба, пред неколку дена техничкиот премиер Оливер Спасовски изјави дека одлуката ја носи шефот на државата, а Владата во моментов прави анализа дали има потреба за нејзино продолжување.

Првично вонредна состојба претседателот прогласи на 16 март, која траеше еден месец, која потоа продолжи за уште 30 дена, и последното продолжување не беше на бараните 30 дена од Владата, туку само за две недели.

Најновите податоци за состојбата со коронавирусот во земјава не се премногу охрабрувачки.

Денеска билансот на новозаразени е 38 пациенти, што е повеќе од претходните неколку дена, а регистрирани се и три смртни случаи.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот