ЌЕ СТИГНЕ ДО ТОЧКА ОД КОЈА НЕМА ВРАЌАЊЕ: Мразот на Гренланд забрзано се топи
Објавено во: Свет 22 Јануари, 2019
Mногу брзо се топи мразот на Гренланд, а можно е и веќе да дошол до точка од која нема враќање, сугерира ново научно истражување.
Студија која е објавена во американскиот научен магазин Просидингс оф д нешнал академи оф сајенсис, покажува дека брзината на топењето на гренландскиот мраз денес е четири пати поголема отколку во 2003, пренесува Си-ен-ен.
Според заклучоците на оваа научна студија, сѐ поголемо количество вода ќе истекува од Гренланд во океанот за време на летните месеци, што само ќе придонесе на растот на нивото на морето.
Научниците кои го истражуваат глобалниот раст на нивото на морето ги проучиле југозападноот и севернозападниот регион на Гренланд и утврдиле дека најголемиот дел од изгубениот лед не е од сантите (во морето), туку од мразот на гренландското копно. При мерењето на промената на ледената маса се користеле податоци на НАСА и германскиот Климатски и гравитациски експеримент (Граце), како и ГПС станици на гренландскиот брег