ЌЕ УСПЕЕ ЛИ КОЧАН ДА ЈА ЗАВРШИ ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Каква судбина му е напишана на „Емпорио“?
Објавено во: Свет 16 Јули, 2018
Се пролонгира рокот кој фирмата на Сеад Кочан - „Трансмет“ треба да го доврши објектот каде ќе се наоѓа општинската зграда.
31 октомври е датумот за рокот кој Општина Ѓорче Петров и го даде на „Трансмет“, која во рамки на деловниот центар Емпoрио ја гради општинската зграда.
Засега не е познато дали ќе се случи тоа ако се земе предвид фактот дека компанијата ги стопираше активностите и има блокирани сметки.
Нема коментар од општина Ѓорче Петров за информациите дека Кочан го продал објектот а од таму за Фактор велат дека со последниот анекс договор рокот за изградба и опремување на административната зграда на општината е продолжен до 31.10.2018 година.“.
Меѓудругото се додава и дека општината почна постапка за измена на одобрението за градење, на начин што ќе биде предвидено фазно градење .
Фото: Официјален сајт http://fabrikakarpos.com.mk