Ќе влезат ли во Македонија грчки инвестиции?
Објавено во: Економија 13 Март, 2019
Во Македонија ќе има грчки инвестиции, најави вечерва премиерот Зоран Заев во Само вистина на Канал 5.
Вели дека ќе има многу инфраструктурни проекти, а Грците ги интересирало да се поврзат железнички со нашата земја.
„Не му беше лесно и на Ципрас, и таму имаше национализми, имаше и овде“, вели Заев.
За асиметричност на спроведување на Договорот од Преспа, вели дека е рано да се каже дали е така, во однос на таблите кои не се сменети во Грција со новото име.
Како позитивно, оцени дека грчки експерти ќе помогнат на земјава за да го продолжи својот пат кон евроинтеграции.