Ќе завршат ли протестите на работниците во „Еурокомпозит“ по средбата со Кочо Анѓушев?
Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2018
Се огласи владата по еднонеделниот протест на вработените во „Еурокомпозит“.
Претставниците од синдикатот и менаџерите на компанијата ќе разговараат со вицепремиерот Кочо Анѓушев за да најдат начин како да се реши големиот проблем со компанијата.
Имено, работниците се децидни во своите барања и не отстапуваат во ниедно од нив. Тие не бараат ништо повеќе од тоа што заслужиле и за коешто работеле- компанијата да започне да исплаќа бруто- плата и да се надоместат заостанатите придонеси од јуни 2012 година до денес.
- Сега засега остануваме со
протестите, додека не ја оствариме средбата. Доколку се успее да се најде некое
заедничко решение, можеби ќе се прекинат овие штрајкови, а доколку не ќе
продолжиме и порадикално. Ние досега имавме дветри средби со Анѓушев, а ова ќе
ни биде четврта средба и ние настапуваме со истите ставови и со двете барања-
неисплатените плати и бруто- плата- рече претседателот на синдикатот Роберт
Богданоски.
- Ставот наш го повторивме и пред вработените, значи истото мислење го делат со нас за да нема отстапки од тие барања, зашто веќе десеттина години сме лажени и еднаш мора да дојде крај на оваа агонија- рече Цветан Бунтески, синдикален претставник во фирмата.