20 Април, 2024
0.0290

Ќор сокак во преговорите за СЈО - нема ни обвинител по „мерка“ на опозицијата

Објавено во: Македонија 19 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Работните групи на политичките партии не постигнаа договор за реформата на јавното и на специјално обвинителство. Медијацијата која се водеше во Министерството за правда како надлежен орган за законските предлози не вроди со плод и партиите влегоа во нов ќор сокак за реформите на правосудството кои се клучни за подобрување на оценката на земјата пред јунската ревизија на условената препорака за отпочнување на преговорите за членство во Европската Унија.

Опозицијата на средбата на работните групи настапила со нова преговарачка позиција, односно со две големи барања. Првото е да се прекинат сите започнати истраги и пред истраги на СЈО откако за нив истече законски предвидениот мандат од 18 месеци во кој имаа можност да црпат индиции од „бунарот со бомбите“. Второ големо барање е СЈО да не функционира како посебно одделение во рамките на редовното јавно обвинителство, туку да биде дел од одделението за организиран криминал.

„Овој закон навистина има потреба од амандмани за подобрување на работата на јавното обвинителство. ВМРО-ДПМНЕ стои на располагање. Сметаме дека СЈО треба да биде одделение во јавното обвинителство за организиран криминал. Не се прифатливи одредбите СЈО да не одговара пред никого и сам да си го создава буџетот“, аргументираше Тони Менкиноски од работната група на опозицијата.

Според министерката Дескоска Треневска, не бил најден заеднички јазик за поддршка на СЈО, туку се барало негово уназадување, како и укинување на голем број на истражни постапки што ќе одземе непотребно време и за џабе досега потрошени ресурси.

„Барањето кое го доставија, СЈО да биде дел од Обвинителството за организиран криминал, а не посебно обвинителство, е прашање кое реално не може да биде прифатено од причина што СЈО треба да продолжи како обвинителство, а не како одделение во друго обвинителство. Друга клучна работа е околу истрагите кои се во тек од СЈО, предистражни постапки и обвиненија кои се покренати по 18 месеци од предавањето на материјалите. Барањето кое значи прекинување на овие постапки и потоа ако треба нивно одново почнување значи и на некој начин губење на голем број на докази кои што би биле сериозни докази во постапките и на тој начин нивниот предлог значи не завршување во целост постапките“, беа аргументите на Дескоска.

Друга точка на судир меѓу двете партии е и „лицето“ на СЈО, односно предводничката Катица Јанева, како и на останатите специјални јавни обвинители кои според ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат сменети поради тоа што биле користени како политички инструмент, а не како независен и самостоен правосуден орган. Од владејачката СДСМ јасно покажаа поддршка за актуелното раководство на СЈО, се додека им трае законски предвидениот мандат.

Овој пат позициите на ВМРО-ДПМНЕ да добие право да именува свој кандидат за државен јавен обвинител не биле во фокусот на преговорите. Опозиционерите долго време го потсетуваа премиерот Заев дека ветуваше реформа во која најголемата опозициска партија во македонското Собрание ќе има право по две години од изборите да даде свој предлог за прв обвинител.

Заев неодамна се повелече од своите ветувања и залагања дека по две години на власт треба да дојде до промена на државниот јавен обвинител, бидејќи според него ВМРО-ДПМНЕ во ваква состојба нема право да бара такви измени.

 Еден од минатите предлози на пратеникот Илија Димовски беше и да се промени процедурата за избор на државен јавен обвинител со двотретинско мнозинство за да нема сомнежи дека кандидатот ќе биде застапник само на една партија, туку да се избере во инклузивен процес со сите политички фактори во Собранието. Опозицијата негодува и на начинот на кој СЈО го троши милионскиот буџет на годишно ниво и за недостигот од увид врз неговата работа без поголема контрола. Секако, министерката за правда Рената Дескоска Треневска не се согласила на ваквите реобликувани опозициски барања, бидејќи СЈО мора да продолжи да функционира како посебно одделение, а не да падне две скалила подолу во поглед на надлежностите.

Работните групи се формираа по неделната лидерска средба на Заев и Мицкоски, на која премиерот истакна дека не е добро ниту тој ниту опозиционерот да кажуваат кои обвинители не им се допаѓаат и кои треба да бидат избрани. Да потсетиме и дека актуелната власт во Собранието го разреши поранешниот јавен обвинител Марко Зврлевски за несовесно и несоодветно вршење на функцијата, но кривична одговорност за злоупотреба на службена положба и овластување не беше покрената.

Расправата за предлог Законот за јавното обвинителство ќе продолжи во Собранието преку поднесување на амандмани од пратениците.

За да биде изгласан потребна е поддршка од двотретинско мнозинство, со што би се спровеле и реформи во ОЈО, а ќе се продолжи и животот на СЈО во изменета форма и надлежности како обвинителство кое ќе гони криминал од висок профил.

Х. С.

Можеби ќе ве интересира

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд