ЌОСЕТО САКА ДА ОСТАНЕ ВО ШУТКА: Немам пари сега да си отидам до Велес, а не пак да бегам
Објавено во: Македонија 15 Март, 2019
Супер ми е со другарчињата во „Шутка“, па затоа барам да си останам таму, изјави Горанче Ангеловски-Ќосето, откако е осуден на 12-години казна затвор, како еден од обвинетите за случајот „27 април“.
„Немам пари сега да си отидам до Велес, а не пак да бегам. Немам пари бидејќи јас не крадев“, рече Ќосето.
Да остане во „Шутка“ побара и обвинетиот Вилијам Михајловски, кој доби казна од 14-години.
„Јас сум осуден на 14 години зошто сум влегол во Собранието. Доколку влезам во собрание на Република Северна Македонија тогаш ќе ме осудите доживотно“, изјави Михајловски.
Тој рече дека му било јасно дека и да побарал да биде во куќен притвор тоа немало да му биде дозволено.