Клековски: Не доцнат исплатите за матичните лекари и породилните отсуства
Објавено во: Економија 09 Декември, 2025 13:32
Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, демантира и вели дека исплатата на надоместокот за породилно отсуство и на капитациите за матични доктори се одвива во континуитет.
Посочи дека исплатата на надоместокот за породилно отсуство тековно се одвива и за ноември се исплатени над 6.600 породолни отсуства.
- Правиме анализи и согледувања дали има заостанати, исплати бидејќи бројот на исплатени породилни отсуства секој месец варира, немаме константен број. Можниот обем во декември е решен со прераспределбата во буџетот каде е зголемена позицијата за породилни отсуства и кај нас и во Министерството за економија и труд, бидејќи имавме раст на вкупниот број породилни исплати поради зголемувањето на платите, а не поради зголемување на бројот на родени бебиња и породилни отсуства, истакна Клековски.
Во врска со информациите дека се доцни со исплата на капитации за матични доктори тој рече дека нема задоцнување во исплатите.
- Од редовноста во исплатата од јули 2024 година може да се види дека Фондот за здравствено осигурување се придржува на договорените обврски, а тоа е исплата во рок од 60 дена од доставената фактура на матичните лекари и исплатата за ноември од 493 милиони денари во моментот се реализира. Од исплатите за матичните лекари може да се види дека ветеното зголемување од 33 отсто на капитациите на матичните лекари е исполнето, посочи Клековски.
Додаде дека заклучно со денеска активни се 948 договори за општа медицина, 972 за општа стоматологија и 149 за гинекологија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Рударските комплекси „Бучим“ и „Боров Дол“ и официјално се присоединија
Мизо: „Костал“ ќе има извоз од 230 милиони евра и покрај кризата со автомобилската индустрија
„ИЗИЏЕТ“ СО НОВИ СЕЗОНСКИ ЛЕТОВИ: Следното лето ќе се лета од Бодрум до Скопје и Сараево
Трамп ѝ дозволи на Nvidia да продава чипови со вештачка интелигенција во Кина
ЗА РАСТЕЊЕ НА ДЕТЕ МЕСЕЧНО СЕ ПОТРЕБНИ ОД 12.000 ДО 16.000 ДЕНАРИ: Во минатото било или денес е финансиски потешко?
Нови раководства, исти резултати: Национално акционерско друштво направи загуба од 32 милиони евра за три месеци
Германија во проблеми – еден милион работни места „зјаат“ празни





