Кличко - Новинарите треба да побараат аудио или видео потврда за ваква ексклузива
Објавено во: Свет 27 Мај, 2022
Поранешниот светски шампион во бокс Виталиј Кличко се огласи на својот официјален Инстаграм профил, по ширењето на веста и наводната изјава која ги бранува медиумите во регионот.
Тој напиша дека цитатот што го објавија проалбанските медиуми во Швајцарија „Ле кантон 27“ е лажен.
- Пријатели! Некои странски онлајн медиуми, вклучително и руските, продолжија да го шират мојот наводен „цитат“ за Србија и Албанија. Не коментирав. И пред да ја препечатат оваа наводна информација и да цитираат нешто, новинарите треба да побараат аудио или видео потврда за ваква ексклузива - напиша Кличко на својот Инстаграм профил.