20 Април, 2024
0.0291

Досие: Клинички по месеци на препукувања тргна кон изградба

Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Новиот клинички центар во Скопје не му беше судено да биде изграден според визијата и стратегијата на долгогодишниот министер за здравство Никола Тодоров ниту пак според определбите на претходната влада. Ветувањето кое Тодоров во април 2017 мислеше дека го реализирал пред граѓаните набрзо беше нарушено од страна на новата влада предводена од Заев која го стопираше процесот и побара ревизија на склучениот договор. 

„Рокот за завршување на градбата на новиот Клинички центар е предвиден за 45 месеци. Вкупната новопроектирана нето површина на оваа зграда изнесува 47 илјади метри квадратни, околу 6,5 илјади метри квадратни проодни тераси и покривни градини. Зградата се состои од едно подземно ниво, приземје, девет ката и современ хелиодром хелидром за транспорт на пациенти на десеттото ниво со површина од 531 метар квадратен“, истакна тогаш Тодоров. 

Договорот го добија македонските градежни гиганти „Бетон“ и „Гранит“ заедно со италијанска компанија во вредност од 72 милиони евра. Сепак, се  тврдеше дека Конзорциум предводен од фирма со негативен бонитет, споротивно на тендерските услови е одбрана да го гради новиот Клинички центар.  

Се отвари прашањето по кои критериуми и зошто Комисијата за евалуација ја одбрала понудата на козорицумот со негативен бонитет, кога во тендерската документација децидно стои дека еден од условите е фирмата да покаже позитивна финансиска состојба.

Сагата за новиот клинички центар продолжи со меѓупартиски обвинувања.

„Да сакаа Тодоров и Никола Груевски да биде изграден новиот клинички центар, немаше да ги излажат граѓаните и ќе го реализираа даденото ветување од 2012 година. Клиничкиот центар во Скопје требаше да биде готов до 2 јануари 2017 година, посочија од тогаш се уште опозициската СДСМ.

Бидејќи набрзо се сменија политичките улоги, од страна на опозиција не молчеше ниту ВМРО-ДПМНЕ кои го таргетираа министерот Арбен Таравари како еден од најлошите на оваа позиција.

„Три месеци поминаа од владеењето на неспособниот министер Таравари и антиреформската влада на СДС, а уште нема ниту камен ставено на веќе подготвениот проект за изградба на нов клинички центар“, посочи во септември Дафина Стојановска на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Таравари имаше и свои изговори, но и тој како министер не стигна да го започне проектот за изградба на клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

„Во моментов се прави внатрешна ревизија на тендерската постапка, пoтоа следува надворешна ревизија и штом ќе ги имаме резултатите од двете, ќе донесеме конкретна одлука на ова прашање и јавноста ќе биде навремено информирана. Има недостатоци, сега разговараме со финансиерот Светска Банка за релокација на клиничкиот центар, некаде во периферија. Ни треба трајно решение. Бидејќи сега не станува збор за клинички центар, туку за интерни клиники. Треба да поминеме со што помалку штети од проблемите што ги правеше претходната власт“ изјави Таравари во интервју за Фактор во јули минатата година.

По неколку месеци на „оладување“ на оваа тема конечно новата влада ја презеде одговорноста и ги напрви првите поконкретни чекори кои даваат надеж дека сепак, изградбата на новиот клинички центар „Мајка Тереза“ конечно ќе започне во текот на оваа година.

„На седница на владата учествуваше и делегација на Банката на Советот на Европа која ги презентираше опциите за активирање на изградбата на Универзитетскиот клинички центар (УКЦ), со вклучени експертски мислења за предвидените опции и алтернативи во однос на локацијата на УКЦ. На седницата беше искажана јасната определба на Владата на Република Македонија дека ова е еден од најважните приоритети во оваа година, и дека се очекува конечната одлука за најдобрите опции за изградба на Јавната здравствена установа Универзитетски клинички центар „Мајка Тереза“ да биде донесена наскоро“ соопштија од Владата.

Се очекува за изградбата да бидат вложени како што беше предвидено околу 70 милиони евра, но засега нема конкретни детали за локацијата, изведниот проект и дали на новиот тендер ќе може да се пријават и домашни фирми, ниту пак колку месеци ќе трае изградбата.

Сепак, „среќата“ да ја води изградбата на новиот клинички центар како најкапитален проект во здравството ќе ја има Венко Филипче кој по бројни перипетриии и борби за превласт на центрите на моќ конечно беше избран да го замени Таравари и да го пополни со месеци испразнетото министерско столче.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд