КЛУБОТ „ЦАР БОРИС III“ ДЕМОЛИРАН СО ОРУЖЈЕ: МВР со најостра осуда
Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2022
За само два дена,
повтпрно е демолиран бугарскиот клуб во Охрид, но овој пат со огнено оружје.
Инцидентот го потврди и портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Според него, вчера во 19 часот и 12 минути во СВР Охрид било пријавено оштетување на стаклото од канцеларијата на здружението „Цар Борис Трети“, лоцирано на булеварот „Македонски просветители“ во ТЦ „Амам“.
- Полициска екипа од СВР Охрид го посети местото каде што е констатирано дека стаклото од надворешната врата и стаклото од прозорецот на канцеларијата имаат две оштетувања предизвикани од оружје, изјави тој.
Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија најстрого го осудува вандалскиот чин што се случил вечерва, 23 ноември, при што меѓу другото со употреба на оружје се оштетени надворешните стакла на граѓанскиот клуб во Охрид.