КЛУЧ НА ВРАТИ: Еди Рама ги затвора обложувалниците и електронските казина
Објавено во: Балкан 16 Октомври, 2018
На 1 јануари 2019-та година ќе бидат затворени сите спортски обложувалници во Албанија, одлучила владата во Тирана, чија одлука е вградена во дополнувањата на Законот за игри на среќа во таа земја.
Исто така, како се наведува, се затвораат сите електронски казина, кои сега ги има во главните улици во градовите во Албанија а ќе бидат достапни само во хотелите со пет ѕвезди, кои се наоѓаат надвор од урбаните подрачја, пренесе Ал Џезеира.
Албанскиот премиер Еди Рама им упатил порака на членовите на Парламентарниот одбор за економија, каде наведува дека обложувалниците ќе бидат затворени на 31 декември и дека нема да бидат „онлајн монопол“.
„Почнаа да стигнуваат реки од пораки на мобилниот телефон против затворањето на обложувалниците. Тоа е оркестрирано од затворите и од оние кои се кријат зад компаниите, па немојте да паничите, и да ги слушате клеветите за „онлајн монопол“, бидејќи нема да има никаков монопол“, вели Рама, пишува албански Top channel.
Izvor: Al Jazeera
Foto: Beta/AP