19 Април, 2024
0.0311

Кнауф Академија Македонија - 25 години во чекор со светските трендови во градежништвото

Објавено во: Мои пари 20 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Во Струга вчера традиционално по 25. пат се одржа Кнауф Академијата чија главна цел, иста како и на останатите настани, семинари и обуки организирани од тимот на Кнауф во Македонија во изминативе години е да се унапреди квалитетот на градењето, а следствено на тоа и да се подобрат условите во кои живеат и работат граѓаните на Македонија.

На овогодинешната Кнауф Академија присуствуваа професионалци од оваа сфера од Македонија, но ја посетија и соработници и партнери на Кнауф од земјите во регионот: Србија, Бугарија, Албанија, Црна Гора, Косово и Грција. 


На овој настан учесниците имаа можност низ предавања и интерактивни работилници да се информираат за најактуелните трендови, техники и производи кои излегуваат од гигантот во оваа индустрија – германскиот Кнауф. Се разговараше за имплементирање на нови технологии и трендови базираниврз германски и светски стандарди. Беа демонстрирани новитети од системите за сува градба, малтери, фасади, подови и други решенија од големата палета производи и системи од овој светски бренд во градежништвото.

Ми претставува особена чест и задоволство што повторно и во поголем број присуствувате на оваа академија која што е еден вид платформа за комуникација со вас, изведувачи, архитекти, инвеститори, соработници и клиенти. Сакаме несебично да ви го пренесеме целото знаење кое што ние и нашиот тим го имаме стекнато низ овие 100 години поестоење, а јубилејни 25 во Македонија.Стотици инженери постојано работат на нови производи, нови решенија во градежништвото и истите несебично преку оваа платформа ќе ви ги пренесеме вам.’’– изјави Тодор Деловски - Регионалниот директор на Кнауф за Исток – Југозапад. 

Академијата е практичен придонес на Кнауф и членките на групацијата Knauf Insulation и Aquapanelза  постојана едукација и информирање во врска со најновите достигнувања во современото градежништво. Академијата е веќе институција која несебично придонесува не само за развој во образовните институции (средно и високо образование) поврзани со градежништвото во Македонија, туку и на малите фирми и трговци - поединци преку разни обуки и советувања. За таа цел, освен во Дебар, Кнауф од почетоците основа своја канцеларија и во Скопје чија цел е да помогне во напорите да се подигне нивото и стандардите за градежништвото во Македонија, редовно информирање за трендовите на градежниот бизнис во светот и советување на секој кому му е потребен совет при градењето. Токму ова го диференцира Кнауф од „обичните“ продавачи на градежни материјали.

Оваа година Кнауф одбележува 25 години од своето основање во Македонија која е една од 80-те земји од коишто Кнауф е дел. Денес Кнауф се смета за водечки производител на материјали и системи за градба како во Македонија така и на глобално ниво. Кнауф ги произведува и продава своите производи на 5 континенти во 220 свои фабрики со околу 28.000 вработени. Во текот на своите речиси 100 години постоење Кнауф гледал на своите потрошувачи како на свои партнери. Поддршката и советувањето на сите наши купувачи и партнери има една цел: ако купувачот има идеја за градба или реновирање, Кнауф е тука да ја претвори тааидеја во реалност. А доколку купувачот има предизвик, Кнауф со своето знаење, технологија, искуство и традиција сака да е дел од решението!


Можеби ќе ве интересира

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ