КОБНА РАСПРАВИЈА ВО НОВО ЛИСИЧЕ: 17-годишник избоден со нож-починал во клиника
Објавено во: Македонија 14 Август, 2019
Половина час по полноќ, во скопско Ново Лисиче се случила кобна расправија.
Седумнаесет годишно момче е избодено до смрт.
Немилиот настан според официјални информации на МВР се случил на улицата „Февруарски поход“ кога расправија почнале неколку лица а истата продолжила и со физичко пресметување на неколку лица со А.Т. (18) кој бил во друштво со К.Д. (17).
„Во еден момент А.Т. извадил нож и му нанел повреди на Н.Х. (17).
Н.Х. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде починал“, потврдија од МВР.
А.Т. е пронајден и приведен во полициска станица.