28 Март, 2024
0.0268

Кочанскиот загадувач доби клуч на врата од 30 дена

Објавено во: Македонија 11 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Државниот инспекторат за животна средина на 8 ноември донесе решение со кое се забранува работата на правниот субјект „Пејпар Мил“ од Кочани, заради континуирано надминување на граничните вредности за дозволени емисии на загадувачки супстанци во отпадните гасови што излегувале од котларата на оваа компанија, соопштија од оваа институција.

Решението за забрана е во рок од 30 дена, и во овој период од издавањето на решението за забрана за работа, од „Пејпар Мил“ се должни да ги отстранат недостатоците кои предизвикуваат загадување на воздухот со јаглероден моноксид над дозволените граници и за тоа да го известат Државниот инспекторат за животна средина.

Доколку во предвидениот рок не се постапи според упатствата од решението на Државниот инспекторат за животна средина за забрана за работење, против правното лице ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна потапка и ќе продолжи забраната за работа.

Државниот инспекторат за животна средина ова решение го донесе во согласност со своите надлежности и како резултат на засилените контроли што се вршат во овој период, како и врз основа на реакциите на граѓаните на Кочани кои укажаа дека оваа компанија влијае врз загадувањето на воздухот во градот.

Во саботата голем број граѓани од Кочани протестираа против загадениот воздух во овој град.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење