24 Април, 2024
0.0266

Коѕијас би го потегнал Заев за уши за изјавата за македонски јазик

Објавено во: Балкан 06 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Поранешниот грчки министер за надворешни работи, Никос Коѕијас во интервју за грчката телевизија Анетна кажа што би направил доколку беше член од грчката Влада за изјавата на премиерот Зоран Заев за изучување македонски јазик во Грција.

„Ќе го потегнев за уши на сите начини, и од НАТО, од Европската унија и од Нимиц. Нимиц се активираше и добро направи и го потсети дека прекршува две точки од Времената спогодба и од Договорот од Преспа“, вели Коѕијас, јави дописничката на МИА од Атина..

Тој додаде дека две работи се важни во Договорот од Преспа и го прочита членот од договорот дека ниту една од земјите нема да се меша во внатрешните работи на другата страна.

„За тоа кој јазик ќе се изучува во Грција е во наша надлежност. Не е нивна работа“, рече Коѕијас и додаде дека второто е да се промени членот 49 во македонскиот Устав.

Поранешниот шеф на грчката дипломатија во друг дел од интервјуто рече дека во изјавите на Заев, тој не нашол нешто што има врска со македонско малцинство, но констатирал дека во однос на јазикот има прекршување на два параграфа.

Коментирајќи го ставот на лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, дека Заев со изјавата ја отворил Пандорината кутија, Коѕијас рече дека опозицијата не треба да се води по толкувањата дадени од Скопје.

„Се наоѓаме во процес на ратификација. Не е добро опозицијата да ги прифаќа толкувањата што ги дава некој или некои во Скопје, бидејќи битката е и за да составиш договор, но и за да го толкуваш“, вели Коѕијас, пренесе МИА.

Коѕијас во интервјуто за ТВ Антена изрази сигурност дека Договорот од Преспа ќе помине во грчкиот Парламент, а за ставовите на коалицискиот партнер во грчката Влада, истакна дека не рекол дека ќе ја турне Владата, „бидејќи знае дека не може“ и додаде дека според него, Каменос е „последниот што би сакал да има избори бидејќи можеби нема одново да биде избран“.

Изјавата на Заев поттикна реакции во Грција. Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа, изјави претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос деновиве. 

Јоргос Кумуцакос од Нова демократија, ја повика Владата да преземе мерки и побара да не се продолжи со ратификација на преспанскиот договор.

Од опозициската партија постојано повторуваат дека нема да гласаат за ратификација на договорот ни во овој ниту во некој иден состав на грчкиот парламент.

Можеби ќе ве интересира

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра