Коѕијас: Договорот во секој случај ќе помине во грчкиот Парламент
Објавено во: Балкан 15 Јули, 2018
Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас во интервју за германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ вели дека Договорот со Северна Македонија во секој случај ќе помине во грчкиот Парламент.
Вели се стремат кон мнозинство над 150 гласови и тоа ќе го добијат.
„Секако дека не сум пророк – луѓе може да умрат, може да има земјотреси, но под нормални услови нема да постои апсолутно никаков проблем да ги добиеме овие 151 глас. Точно ги преброив“- изјави Коѕијас.
Тој додава дека е точно дека Независни Грци нема да гласаат како партија, но според него постојат пратеници од партијата кои сметаат дека е добар договорот, но и дека исто така имало и некои пратеници во партијата Река кои сметаат дека договорот е добар.
„Во прашањето за нацрт договорот од Преспа и за процесот на гласање, кога ќе дојде и ако дојде во грчкиот парламент, постоеше јасен став на владиниот портпарол. Бил кој друг пристап изразува лични процени и во секој случај, секој треба да се ограничи на личните ставови. За позицијата на Независни Грци и на пратеничката група и понатаму не се преговара: никаква употреба на името на Македонија во името на соседната земја“ - вели Теодорос Тосунидис, портпаролот на Независни Грци во писмената изјава, реакција за ставот на Коѕијас.
Коѕијас објаснува дека СИРИЗА има 145 пратеници и дека се потребни само шест дополнителни гласови за комплетно мнозинство, но и дека од гласањето може да отсуствуваат дел од партиите.