Коѕијас не оди на одмор додека не го реши ова...
Објавено во: Балкан 13 Јуни, 2018
Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас денеска најави нова офанзива околу нерешените прашања со Албанија, нагласувајќи дека нема да замине на одмор без да ги реши овие прашања.
„Набрзо ќе ги решиме проблемите со Албанија. Се наоѓаме во процес на решавање на проблемите кои постојат 70 години. Нема да одам на одмор без да ги решам“ – изјави Коѕијас по средбата со неговиот руски колега, Сергеј Лавров во Москва.
Албанските медиуми за ова пишуваат дека Грците уште на 6 јуни „почнале да се радуваат“ на договорот со Албанија, со кој на Грција и се отстапуваат 12 милји од албанските територијални води во Јонско Море.