25 Април, 2024
0.0264

Коѕијас: Предлог договорот за името веќе е во Скопје

Објавено во: Балкан 20 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас веќе си ја наметнува динамиката која ќе ја води во текот на посетата на Македонија која треба да започне од четвртокот со тоа што потврди дека грчкиот нацрт предлог договор веќе е испратен во Скопје, 

- Текст што ги содржи грчките предлози и агенда за идна соработка е испратен до Скопје, изјави шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во Брисел, по советот за надворешни работи на ЕУ.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Коѕијас, во изјава за државата телевизија ЕРТ,  одговарајќи на прашањето дали при посетата на Скопје ќе ја однесе и грчката нацрт спогодба, вели дека предлозите од Атина се веќе испратени.

– Да ви дадам нешто ексклузивно. Изработивме текст со нашите предлози во целост како во однос на отворените проблеми што ги имаме со ПЈРМ, така и за идна агенда на соработка што ќе им донесе корист и на двете страни. Овој текст го имам пратено пред повеќе денови во Скопје, рече шефот на грчката дипломатија во изјава за државната телевизија ЕРТ.

Никос Коѕијас, според најавите, но без да постои официјална потврда, се очекува во четврток и петок да биде во Скопје.

Во нацрт договорот ќе бидат содржани сите грчки предлози за можно решавање на спорот за името, а за истиот македонските власти посочија дека ќе биде најпрво разгледна и тоа што е прифатливо дополнително ќе се преговара во рамки на медијаторството со претставникот на ОН, што значи дека постои можност наскоро да има и нова средба со Метју Нимиц и преговарачките тимови.

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“