Коѕијас: Разликите со Скопје се проблеми со историски карактер, со идентитет, со наследство
Објавено во: Балкан 08 Април, 2018
Mинистерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиjас во интервју за германскиот весник „Шпигел“ изјави дека разликите со Скопје можат да се решат со смелост.
Вели дека разликите со Скопје се проблеми со историски карактер, со идентитет, со наследство и култура.
„Овие прашања се чувствителни. Но, можат да се решат со смелост, како што правиме сега. Додека, пак, со Турција имаме проблеми со геостратешки и геополитички претензии“- објаснува Коѕијас.
Во однос на двајцата грчки војници уапсени на 2 март од турските власти, откако поради лошото време по грешка преминале на турска територија во близина на Еврос, а сѐ уште се во затвор во градот Одрин, Турција, Коѕијас вели дека во неговата канцеларија има документи за стотици слични случаи со војници за кои постоело враќање без „таква ескалација“.