20 Април, 2024
0.0270

Кое е најмилото чедо на РЕК Битола?

Објавено во: Економија 15 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Битолската градежна компанија „Пелистер“ од 2014 до 2017 година остварила приходи 70 милиони евра и добивка поголема од 8 милиони евра. Во тој период во РЕК Битола добила три тендери во вредност од 47,8 милиони евра (најголемиот од нив вреден 40 милиони евра заедно со „Трансмет“) . За 4 години главнината и резервите на „Пелистер“ пораснаа за 6,5 милиони евра до износ од 40 милиони евра!

Битолската градежна компанија „Пелистер“ во периодот од 2014 година до 2017 година остварила приход од 70 милиони евра, а добивка од 8,31 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од финансиските биланси на оваа компанија. Битолски „Пелистер“ е голема градежна компанија, за македонски прилики, која често е ангажирана на ископи на јаглен и јаловина за најголемиот македонски производител на електрична енергија РЕК „Битола“. Со своите финансиски резултати „Пелистер“ влегува во групата најголеми градежни домашни компанија. 

„Пелистер“ за овој период од четири години има добиено три тендери за ископ на јаглен и јаловина, а во некои од нив имаше вклучено и дробење и транспорт на ископаниот јаглен.

Која е златната година на „Пелистер“ ?

Градежната компанија на познатиот битолски бизнисмен и поранешен градоначалник Силјан Мицевски најдобро изработила во 2015 година од четирите години во овој период.  Приходот од продажба е 31,3 милиони евра, а добивката по оданочување е 4,74 милиони евра. Во таа година „Пелистер“ ангажирал 239 вработени. Најдобрата година на „Пелистер“ во последниве 4 години е истата година во која „Пелистер“ го одработува најголемиот тендер во РЕК „Битола“ вреден 40 милиони евра за кој договорот бил склучен на 20 октомври 2014 година, а на тендерот настапиле заедно со скопската компанија „Трансмет“. На барањето на „Фактор“ колку пари биле исплатени на „Пелистер“ по овој тендер од РЕК Битола не добивме конкретна бројка. Одговорот беше дека исплатата била вршена кон „Пелистер“, но затоа што се јавиле како група изведувачи со „Трансмет“ нема евиденција која компанија колку пари добила. „Фактор“ побара одговор и од „Пелистер“ за износите што ги доби од РЕК Битола, но не доби никаков одговор.

„Пелистер“ солидно работел и во 2016 година во која приходот од продажба се 20,8 милиони евра. Добивката е 1,76 милиони евра. Бројот на вработени на компанијата во 2016 година изнесувал 221 лице. Солиден финансиски резултат „Пелистер“ има и во 2014 година кога од приходи од продажба од 13,44 милиони евра остварил добивка од речиси 2 милиони евра. Најслаба од четирите години е ланската во која „Пелистер“ има добивка од 170.000 евра од приходот од продажба кој изнесувал 5,5 милиони евра. Годинава до јули „Пелистер“ во РЕК Битола има бизнис вреден 7,25 милиони евра од кои еден тендер е веќе реализиран на вредност од 2,05 милиони евра и за еден е склучен договор во јули на износ од 5,2 милиони евра.

Финансиските податоци потврдуваат дека „Пелистер“ е голема и успешна фирма. На крајот на минатата година главнината и резервите биле 39,8 милиони евра, а обврските изнесуваат 3,35 милиони евра. Во периодот од 2014 година до 2017 година главнината и резервите пораснале 6,5 милиони евра, а обврските се намалиле за 4,4 милиони евра.

Со што располага „Пелистер“?

Од достапни податоци кои ги дал „Пелистер“ на последниот тендер што го добил во РЕК Битола компанијата располага со голема гама на градежни машини и камиони. Компанијата располага со 12 багери со снага поголема од 100 киловати, над 20 камиони со снага поголема од 300 киловати, 4 булдожери, 2 грејдери, 2 дробилки и дробилици и 2 цистерни. Компанијата вработува малку повеќе од 200 вработени, а повеќе од 110 лица се багеристи, булоджеристи, возачи на камиони, ракувачи со утоварувачи, грејдеристи, возачи на цистерни, дробилици.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите