Кога ќе биде донесен буџетот?
Објавено во: Економија 06 Декември, 2017
Можно е веќе наредната недела во Парламентот да се изгласа Буџетот за наредната година.
Власта денеска прифати само два од предложени амандмани на опозициската ВМРО – ДПМНЕ. Два од прифатените амандмани се прифатени како што се предложени, а останатите два ќе треба да се видоизменат.
Ќе се даваат пари за субвенции за печки за пелети на целата територија на Македонија, а не само во Скопје, ќе има повеќе пари и за Слободните економски зони.
Освен овие амандмани од ВМРО – ДПМНЕ, ќе се прифатат и два амандмана предложени од БЕСА за парк и депонија. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваат на комисиската расправа.
Со Комисијата за финансирање и буџет претседава Васко Ковачевски од СДСМ, кој беше назначен од претседателот на Собранието, Талат Џафери поради неколкукратното откажување на Комисијата од претседателката Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.
Ковачевски рече дека ако се заврши побргу расправата по поднесените 279 амандмани, од кои што околу 200 се на ВМРО-ДПМНЕ, поради нивниот бојкот на расправата, Комисијата за финансирање и буџет може да ја заврши работата и пред предвидените десет дена.