22 Јуни, 2025
0.0305

КОИ АКЦИОНЕРИ ГИ ЗАСИЛИЈА СВОИТЕ ПАКЕТИ ВО „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - по подолго затишје, можно ли е да има нова бура

Објавено во: Економија 10 Јуни, 2025 11:04

Добивај вести на Viber

Малку по малку, сегашните акционери на „Македонијатурист“ докупуваат акции од таа компанија, а за тоа уредно ја известија инвеститорската заедница преку Македонската берза за долгорочни хартии. 

Од она што може да се забележи, е дека својот акционерски капитал го засилиле две компании, кои своевремено, додека траеше „битката“ за купување акции, беа условно речено, на спротивставената страна. 

После тоа, сега акционерот „М.Г. Фешн“ поседува 11,48 отсто од капиталот, додеја, пак, „Чеза комерц“ располага со 6,41 отсто од вкупните акции на „Македонијатурист“.

„Известуваме дека акционерот Друштво за трговија, производство и услуги М.Г. Фешн доо увоз-извоз Скопје купи дополнителни 215 акции и сега поседува 51.911 акции односно 11,48 отсто од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист АД“. 

„Известуваме дека акционерот Друштво за внатрешен и надворешен промет Чезакомерц Симеон Роберто и Виктор доо Скопје купи дополнителни 190 акции и сега поседува 29.010 акции односно 6,41 отсто од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист АД“, се вели во двете објави кои осамнаа на СЕИНет од ова акционерско друштво.  

А, како што претходно пишуваше Фактор, на новите доминантни газди на „Македонијатурист“, сепак, не им се допаѓа како компанијата ја водело претходното раководство, односно како работеле претходниот Управен и Надзорен одбор на компанијата.

Имено, иако во предлог одлуките кои беа подготвени за неодамнешното Собрание на акционери на „Македонијатурист“ беше наведено дека ќе се одобри работењето на претходните Управен одбор и Надзорен одбор, финалните одлуки на Собранието беа сосема спротивни, односно не се одобри работењето нити на Управниот одбор предводен од Доне Таневски, ниту на Надзорниот одбор. 

„Согласно Законот за трговски друштва и Статутот на Македонијатурист АД Скопје, Собранието на акционери донесе одлука за неодобрување на извештајот за работата на Надзорниот одбор на Македонијатурист за 2024 година. Имено, не се одобрува извештајот за работата на Надзорниот одбор чиј мандат е завршен во 2024 година, колективно и поединечно на следниве членови: Доне Таневски, Верица Хаџивасилева, Владо Богдановски и Ѓорги Јанчевски. Оваа Одлука стапува во сила со денот на нејзиното донесување“, се вели во објавата од Македонија Турист.

Исто така, Собранието донесе одлука да не се одобри работењето на Управниот одбор за минатата година, и тоа на претседателката на Управниот одбор, Мирјана Таневска Ефремова, Зоранчо Поповски и Илија Тренески. 

А, како што и претходно пишуваше Фактор, предлог одлуките беа да се одобрат извештаите за работењето на претходните Управен и Надзорен одбор на компанијата. 

Врз основа на тие предлог одлуки Фактор тогаш констатираше дека штом се тие подготвени од новото раководство, не би требало да се очекуваат посериозни „чкрипења“ во нивното усвојување. Затоа, од ова можеше да се изведе заклучок дека новите газди на Македонијатурист сакаат да го изведат без „бура“ транзитот на компанијата од стариот естаблишмент кој беше под палката на Доне Таневски, кон новиот. 

А, она на што останаа доследни акционериоте при гласањето беше намерата дека целата добивка остварена лани, на сума од 2,8 милиони евра, ќе се распредели само за инвестиции, односно како распределена добивка, што значи дека нема да се дели дивиденда. 

Во моментов, сопственичката структура на „Македонијатурист“ е следнава: Скопски Пазар поседува 19,9 отсто од акциите, Промедика која има 11,9 отсто, потоа М.Г Фешн со 11,48 отсто, Симеон Павлов 10,47 отсто, Чеза Комерц со 6,41 отсто.

За годинава се планираат бројни инвестиции со кои ќе се врати стариот сјај на хотелите на компанијата. 

Акционерите донеле и одлука за определување надоместоци на новите членови на НО, и тоа Горан Марковски, претседател, и членовите Горазд Поповски, Сашко Бошков и Олга Павлова. Нивните месечни паушали ќе бидат 73.000 денари за претседателот и по 61.000 денари за членовите.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ВО ВРЕДНОСТ ОД 5 МИЛИОНИ ЕВРА: „ја враќаме надежта за развој на јужниот крај на Македонија“- изграден регионалниот пат кој ги поврзува Гевгелија и Богданци

ИНВЕСТИЦИЈА ВО ВРЕДНОСТ ОД 5 МИЛИОНИ ЕВРА: „ја враќаме надежта за развој на јужниот крај на Македонија“- изграден регионалниот пат кој ги поврзува Гевгелија и Богданци

ИРАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГЛАСА ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА ХОРМУТСКИОТ ТЕСНЕЦ: А тој е апсолутно неопходен за светската трговија со нафта

ИРАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГЛАСА ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА ХОРМУТСКИОТ ТЕСНЕЦ: А тој е апсолутно неопходен за светската трговија со нафта

ГЛОБАЛНИТЕ АКЦИИ ПАЃААТ ПОРАДИ ЕСКАЛАЦИЈАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Инвеститорите стравуваат од поширока криза

ГЛОБАЛНИТЕ АКЦИИ ПАЃААТ ПОРАДИ ЕСКАЛАЦИЈАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Инвеститорите стравуваат од поширока криза

ЗБОГУМ НА ЛЕГЕНДАТА: Последните 55 единици пристигнаа во Европа – го нарекуваат „модел за збогум“

ЗБОГУМ НА ЛЕГЕНДАТА: Последните 55 единици пристигнаа во Европа – го нарекуваат „модел за збогум“

ТРИПУНОВСКИ ЌЕ ГИ ВРАЌА МЛАДИТЕ ДА СЕ ВРАТАТ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО: Вели дека имаат сет мерки за тоа

ТРИПУНОВСКИ ЌЕ ГИ ВРАЌА МЛАДИТЕ ДА СЕ ВРАТАТ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО: Вели дека имаат сет мерки за тоа

ПОЧИНА ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ АМЕРИКАНСКИ БАНКАРСКИ БИЗНИСМЕНИ: Тој го создаде FedEx и заработи милијарди

ПОЧИНА ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ АМЕРИКАНСКИ БАНКАРСКИ БИЗНИСМЕНИ: Тој го создаде FedEx и заработи милијарди

ДО СРЕДИНА НА ЈУЛИ ПРИСТИГНУВААТ 120 АВТОБУСИ: Ќе стигнат со станици за полнење

ДО СРЕДИНА НА ЈУЛИ ПРИСТИГНУВААТ 120 АВТОБУСИ: Ќе стигнат со станици за полнење

ДОМИНАНТНИОТ ГЛОБАЛЕН СОПСТВЕНИК ПОСЕДУВА ПОВЕЌЕ ОД 8.000 ТОНИ ЗЛАТО: Вреди неверојатни 985,6 милијарди долари

ДОМИНАНТНИОТ ГЛОБАЛЕН СОПСТВЕНИК ПОСЕДУВА ПОВЕЌЕ ОД 8.000 ТОНИ ЗЛАТО: Вреди неверојатни 985,6 милијарди долари

АВТОМОБИЛИ ЈА ВОДАТ ГЕРМАНИЈА ОД КРИЗА? Нарачките растат, производството на возила ја извлекува економијата од рецесија

АВТОМОБИЛИ ЈА ВОДАТ ГЕРМАНИЈА ОД КРИЗА? Нарачките растат, производството на возила ја извлекува економијата од рецесија