20 Април, 2024
0.0292

Кои царини ќе ги менува Владата

Објавено во: Економија 03 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Владата денеска ќе ја одржи редовната седница, со повеќе точки на дневен ред, соопшти владината прес служба.

Една од точките, на предлог на Министерството за финансии, се царините. Односно, како што велат од Владата, министрите треба да се произнесат за предлог-одлуката за усогласување и менување на Царинската тарифа за 2020 година.

Засега нема информација кои царини ќе се усогласуваат. 

Како што е познато, од Делегацијата на германското стопанство подолг период бараат намалување на царините за одредени репроматеријали, кои странските инвеститори што работат тука ги користат во своето производство, со образложение дека тие се застарени. 

Дали ќе се усогласуваат овие или други царини, засега нема информација. 

На предлог на Министерство за финансии на оваа седница ќе биде презентирана информацијата во врска со воведување на системи и алатки за автоматска контрола на валидност на даночното побарување и повратот на средства што ја подготви Управата за јавни приходи.

На оваа седница ќе се разгледа и информацијата за План за Гаранција за млади 2020-2022 година во надлежност на Министерството за труд и социјална политика.

На денешната седница ќе се расправа и за Предлог-програма за изменување на Програмата за здравствена заштита на лица со болести на зависности во Република Северна Македонија за 2019 година.

Министерство за надворешни работи за дневниот ред на оваа седница го предлага Предлог-законот за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Франција која се однесува на средните училишта со франкофонски двојазични паралелки.

За оваа седница на владата е предвидено и усвојувањето на информацијата за потпишување Договор за грант за музички инструменти и опрема за звук и осветлување на Национална опера и балет, како донација на Владата на Јапонија.


Можеби ќе ве интересира

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ