25 Април, 2024
0.0321

Кои директори на кумановски ФЗЦ ќе добијат Шут-карта?

Објавено во: Економија 26 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Добивката на ФЗЦ лани е за 5 пати помала од добивката остварена во 2016 година. Има ли ова врска со најавените смени во највисокото раководство на големата извозно ориентирана кумановска компанија???

ФЗЦ 11 Октомври од Куманово свика вонредно акционерско собрание на кое ќе се гласа доверба на некој или на повеќе од директорите односно на член на Одборот на директори, објави компанијата на интернет страницата на Македонската берза. Единствени точки на вонредното собрание се отповикување на членови на Одборот на директори и зибор на нови членови на Одборот на директори.

„Фактор“ провери и на веб страницата на кумановската компанија за заварени цевки и профили, но и таму во објавената предлог одлука нема детали односно име и презиме на членот на Одборот на директори кој ја изгубил довербата од големите акционери. Официјално, ФЗЦ 11 Октомври го водат петмина директори од кои двајца се извршни членови: Страхил Пановски и Војчо Нацевски. Другите тројца членови се: Александар Крстевски, Ивана Николиќ и Владимир Стојмановски. Ова се податоците достапни на веб страницата на Македонската берза. Акционерското вонредно собрание е закажано на 21 мај годинава. 

„Фактор“ во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста чека одговори на за тои на кои директори ФЗЦ ќе им се заблагодари, кои се причините и кои ќе бидат новите членови на Одборот на директори. 

Како лани работеше ФЗЦ?

Кумановската фабрика за цевки (ФЗЦ) лани ги зголеми приходите од продажба за 109 милиони денари, но расходите пораснале за безмалку 400 милиони денари што воопшто не е охрабрувачка вест за малите акционери и за ловците на капитални добивки кои тргуваат на Македонската берза за хартии од вредност.

Како резултат на зголемените оперативни расходи оваа голема производствена компанија лани имала оперативна добивка од 76,4 милиони денари која по намалувањето за трошокот за платени камати е сведена на 34 милиони денари. Во споредба со крајот на 2016 година нето добивката на ФЗЦ паднала за речиси 5 пати односно 126,55 милиони денари. Тоа е пад од 77 отсто во однос на добивката остварена во 2016 година.

Светла точка продажбата од извоз

Кумановската компанија значајно ги зголемила своите приходи во извоз лани во споредба со 2016 година. Тие лани се поголеми за 85 отсто односно за речиси 630 милиони денари односно за 10 милиони евра. Неговите приходи од продажба надвор од земјава достигнаа 1,366 милијарди денари. Наспроти тоа огромен пад на приходите од продажба на домашниот пазар. Тие колабираа затоа што од 747,8 милиони денари се намали на 258,2 милиони денари. Тоа е намалување за безмалку 500 милиони денари односно за 65 отсто. Кога се знае дека најголем домашен проект е државниот гасоводен систем се добива појасна претстава на што се резултат овие намалени приходи.

Залихите на ФЗЦ на крај на ланската година биле 764,4 милиони денари и се зголемени за 50 отсто во однос на крајот на 2016 година. Во однос пак на залихите од почетокот на 2017 година до крајот на ланската година тие пораснале за околу 250 милиони денари.
Оперативните расходи на компанијата во најголема мерка се состоеле од трошоци за суровини и други материјали кои се на износ од 1,366 милијарди денари. Тие се зголемени за 31 отсто. Втора по големина расходна ставка се трошоците за вработени и тие изнесуваат 227,1 милиони денари и бележат раст за 6 отсто.

Обврските на ФЗЦ лани се зголемени за речиси 300 милиони денари односно за 27 отсто и на крај на 2017 година изнесуваат 1,411 милијарди денари. Компанијата речиси и нема долгорочни обврски затоа што тие изнесуваат само 35 милиони денари. Кај краткорочните обврски значајни растови бележат краткорочните кредити и обврските спрема добавувачите.

За сите инвеститори на берзата е многу значајно да знаат дека оваа компанија има акумулирана загуба во износ од 1,966 милијарди денари.

Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ