23 Ноември, 2024
0.0339

Кои се актуарите и зошто се најдобро платени математичари во финансиската индустрија?

Објавено во: Финансии 23 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Заради големиот интерес за обука и полагање регулаторот на осигурителниот пазар АСО идната седмица ќе распише оглас за обука и полагање за овластени актуари. На осигурителниот пазар секогаш му е потребен искусен и овластен актуар, а парите не се проблем. Платите на искусните актуари надминуваат 100.000 денари во осиурителната индустрија. Во светот на финансиите на глобално ниво актуарството е една од најпосакуваните 20 професии

Актуарот е висококвалификуван и релативно редок стручен профил за кој има потреба на нашиот финансиски пазар, а особено сегментот на осигурувањето и пензиските фондови. На нашиот финансиски пазар овој висок стручен профил се уште е дефицитарен.

Токму за да ги задоволи потребите на домашната осигурителна и финансиска индустрија регулаторот на осигурителниот пазар, Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), согласно своите законски надлежности, ќе објави оглас за обука и полагање за овластени актуари.

Заради големиот интерес ова е втора обука и полагање за овластени актуари во период од две години. Првата обука, по пауза од десетина години беше распишана во март 2021 година. Новата обука со полагање за овластен актуар АСО ќе ја распише на 1 март, а на овој линк има повеќе детали https://aso.mk/s-o-o-p-sh-t-e-n-i-e-za-objavuvanje-na-povik-za-prijavuvanje-na-licza-za-uchestvo-na-obuka-i-polaganje-na-struchen-ispit-potreben-za-dobivanje-dozvola-za-rabota-kako-ovlasten-aktuar/

Актуарството е една од најценетите и одлично платени професии во светот на глобалните финансии. Актуарите се математички суб-специјалисти високо остручени лица за проценка на ризиците и предвидување на неизвесноста во светот на финансиите. Во Македонија оваа професија се работи за плата од 1.500 до 2.000 евра во зависност од искуството и вештините!

Актуарите се стручњаците во осигурителни компании и во друштвата кои управуваат со пензиски фондови и тие се специјализирани да создаваат математички модели за проценка и управување со ризиците кои ги осигуруваат компаниите. Колку е ценета нивната работа докажува тоа што во последниве две децении на глобално ниво оваа професија неколку пати била прворангирана или второрангирана најпосакувана професија во светот на финансиите, а секогаш без исклучок е меѓу најпосакуваните 20 професии глобално.

Што се однесува до процесот на едукација за актуар значајно е да се истакне дека бара претходни солидни познавања од математика, статистика, веројатност и демографија и дека процесот трае околу две години. Во Македонија има трисетина актуари. Тие имаат свое здружение кое се вика „Актуар“ и е дел од глобалната мрежа на овие професионалци. АСО води и официјален регистар на овластени актуари достапен на следниот линк https://aso.mk/registar-na-aktuari/

Од каде потребата за пресметувачи на ризици т.е. актуари?

Основната дејност на друштвата за осигурување е да покриваат различни видови ризици (во дејностите на неживотно и на животно осигурување). Тоа наједноставно кажано значи дека актуарите се носители на основните бизнис процеси особено во осигурителните компании. Затоа што тие треба да развијат математички модели кои ќе ги предвидуваат можните ризици врз основа на што пак менаџерските тимови на компаниите ќе ги поставуваат и ќе ги спроведуваат бизнис стратегиите на компаниите. Основата на целиот осигурителен бизнис е содржана во моделите кои ги создаваат актуарите.

Македонската осигурителна индустрија брои вкупно 16 осигурителни компании (неживот и живот) кои лани оствариле приходи од продажба на осигурителни полиси вреден 208 милиони евра. При тоа друштвата исплатиле штети на своите осигуреници по сите основи во вредност повисока од 83 милиони евра.

И по двата параметри 2022 година е најдобрата година на осигурувањето во досегашното постоење на пазарот на осигурување во Македонија.

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?